www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
Алое Вера

Зощо да купуваме алое од Форевер Ливинг кога можеме да купиме со пониска цена од други производители?

Тоа е разумно прашање, но можеби е подобро да ви одговориме со следните информации:
  • Форевер Ливинг е најголемиот производител и дистрибутер на алое вера во светот. Во своја сопственост има плантажи во САД и Карибите, на места со одлична клима за одгледување на алое. Тоа е причината поради која можеме точно да ви кажеме каде и како расте нашето алое вера. Во можност сме да ви гарантираме дека при неговото одгледување не се користат никакви пестициди и хербициди.
  • Го контролираме целиот процес на производство започнувајќи од изборот на зрели листови, кои што ќе бидат набрани, до температурата на која се чува гелот откако ќе биде спакуван. Ние не зависиме одкомпании за достава на производи.
  • Нашиот алое вера гел се извлекува од свежо исечени листови и се стабилизира во текот на неколку часа, со цел максимално да ги заштитиме природните квалитетни својства. Процесот на стабилизација е патентиран од претседателот на Форевер Ливинг Продуктс - Рекс Мон.

  • Во алое вера гелот не се додаваат никакви вештачки бои или ароми. Во текот на една година има повеќе реколти и затоа постои можност бојата и вкусот на гелот да варираат. Познато е дека повеќето компании додаваат средства за белење во своите производи со алое вера, со цел да ја зачуваат бојата непроменета во текот на целата година. Ние ве уверуваме дека бојата на гелот е ПРИРОДНА и КОРИСНА.
  • Иако голем дел од алое вера гелот природно се состои од вода, секој кој што го видел суровиот гел може да процени дека тој не е проѕирен и не е редок. Нашиот алое вера гел не е хомогенизиран или филтриран. Пијалоците се богати со пулпа во која е сместена голема содржина од корисни материи кои се неопходни за нашата секојдневна исхрана. Затоа се препорачува пред употреба добро да се промеша тубата со нашите пијалоци. Некои компании произведуваат прецеден гел без пулпа, кој што изгледа како вода. Во последно време голем дел од производителите го користат целиот лист заедно со неговата обвивка, бидејќи сметаат дека нудат поквалитетни производи. Тие често забораваат да споменат дека за да го отстранат силниот нестабилен ефект на материите во обвивката на листот потребно е да го филтрираат гелот низ јаглен, што неминовно го нарушува природниот баланс на корисните материи во него. ФЛП нема потреба да ја ризикува содржината на алое вера и да ја изложува на слични процедури, бидејќи традиционално докажаните корисни својства на алоето се содржат во чистиот гел, а не во кората, ФЛП ја отстранува непотребната обвивка, која што ја користи како природно ѓубриво на плантажите со алое.

  • Нашиот алое вера гел не се вари. Варењето или пастеризирањето се по-ефтини и побрзи начини на преработка, но високите температури ги уништуваат активните состојки. Ние користиме температура која е пониска од онаа за пастеризирање (позната како "студена преработка") со цел да ја загарантираме заштитата на активното дејство на ензимите. Студената преработка целосно ги заштитува корисните материи во состојбата во која што се наоѓаат непосредно откако ќе се отсече листот од растението. На тој начин производите целосно ги зачувуваат корисните квалитети на алоето за подолг временски период.
  • Нашиот алое вера гел не е произведен од замрзнати суровини. Некои компании тврдат дека на тој начин нудат "двојно посилни" производи. Нашите производи содржат 100% стабилизиран алое вера гел - од растението - до производот - до Вас.
  • 100% стабилизиран алое вера гел претставува ОСНОВНАТА состојка на пакувањата на нашите пијалоци, гел и лосиони.

  • Њу Јоршката лабараторија за храна и лекарства декларира дека нашиот алое вера гел "во основа е идентичен" со природниот гел. Со други зборови, кога го пиете нашиот алое вера гел е исто како да ја конзумиратевнатрешноста од штотуку пресечен лист.

© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org