www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ БОДОВИ НА ИНТЕРНЕТ
 
За ваше олеснување, Форевер Ливинг Продактс создаде елктронски систем кој му овозможува на секој дистрибутер да го следи порастот на својот бизнис преку интернет. Кога вие или дистрибутер од вашата мрежа ќе направите порачка, таа се внесува во единствениот компјутерски систем на ФЛП во САД. Потоа таа информација се пренесува на интернет за да сте во тек со тоа како работи вашата група. За обработка на таа информација е потребно извесно време, затоа имајте во предвид дека податоците на интернет покажуваат состојба на вашата група од претходниот ден.
 
 
Ако бодовите ги проверувате за прв пат
Првиот екран, кој ќе го видите е:
 
 
За да продолжите неопходно е да го внесете своето корисничко име и лозинка. Ако во договорот сте посочиле постоечка и читливо напишана email адреса, при регистрацијата сте добиле од нас поздрав по електронска пошта кој го содржи вашето корисничко име и лозинка. Ако не сте ни дале email адреса, овие податоци ќе ги најдете на крајот на првиот извештај за бонуси што ќе го добиете кога вашата лична дејност или онаа на новите соработници од Вашата мрежа во претходниот месец ви носи приход (бонус или добивка од новус клиенти). Тие изгледаат вака:

LOGON ID 389001222222 PASSWORD АC000123456

Како корисничко име можете да го користите или својот полн СФБ код или email адресата што сте ја навеле во договорот. Внесете го одбраното од вас во полето "Дистр. № или Email ". Ако сакате да го користите дистрибутерскиот код, напишете го споено, како во примерот погоре - без цртички или периоди. Лозинката внесете ja во полето "Лозинка".

Откако правилно ќе ги внесете податоците , притиснете го копчето "Најави се", ќе го видите екранот "Безбедносни подесувања":

 

Тој содржи три полиња: "Привремена лозинка" - тука треба да го внесете истиот код, со кој тукушто сте логирани на сајтот; "Нова лозинка" - тука треба да ја внесете лозинка која ќе ја знаете само вие и ќе ја користите во понатамошниот пристап до сајтот; "Потврди нова лозинка" - повторно внесете ја истата нова лозинка за потврда. Следат полиња со тајно прашање кое треба да одбере од паѓачката листа, како и таен одговор кој го дефинирате сами. Откако сте ги пополниле сите полиња и сте сигурни дека се сеќавате на новата лозинка, која ќе ја користите во иднина, притиснете со копчето "Зачувај". Откако сте ја затвориле потврдата за ажурирање на лозинката, ќе дојдете до делот за СФБ.

Уште на почетната страница во лентата лево ќе го видите распоредот на својот волумен од претходниот и / или овој месец, а жолтото шише Алое ви го илустрира напредокот на следното ниво во маркетинг планот. За да видите повеќе детални податоци за бонус поени , притиснете ja врската "Уште извештаи".

 

Пред да ги проверите своите бонус поени за прв пат треба да „потпишете“ декларацијата „Податоци за продажбата":

 

Со глувчето означете го квадратчето пред „Изјавувам дека сум прочитал/а...“, а во празнато поле внесете го името на латиница, како што е напишано во поздравoт во горниот дел на екранот (пример: DANCE IVANOVSKA). Притиснете го копчето "Се согласувам" и ќе продолжите кон деталите за вашите бонус поени од овој и претходните два месеци. Ако имате екипи во странски држави, може да ги видите бодoвите и од нив. Ако сакате да видите детален извештај за бодовите на дистрибутерите од вашата прва линија за овој и претходните два месеца, изберете „Мојата мрежа“ од менито лево. Овој преглед ви овозможува да го пратите подигнувањето во ниво на лично спонзорирани од вас соработници.

© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org