Код: 617
118 ml
Цена: 1537 ден.
|
Aloe Sunscreen
Алое сaнскрин
ОПИС
Уживајте во летните денови на плажа без да дозволите сончевите зраци да ја оштетат вашата кожа. Независно дали се подготвувате за сурфање или одите на прошетка во парк, Aloe Sunscreen ќе го заштити целото ваше семејство.
Со новиот Aloe Sunscreen можете да одите насекаде каде сонцето грее, благодарение на широко спектарната заштита со фактор 30 која ја заштитува вашата кожа од ултравиолетовите зраци тип А и тип В. UVA претставуваат 95% од зрачењето кое допира до Земјата. Тие продираат длабоко во кожата и играат голема улога за стареењето и појавата на брчки.
UVB зраците имаат подеструктивно дејство врз надворешните слоеви на кожата и предизвикуваат црвенило и изгореници. Ефектот им е уште поштетен кога е засилен од висока надморска височина, рефлектирачки површини, снег и лед, кои во некои случаи можат и да го удвојат нивното дејство.
Aloe Sunscreen содржи авангардна комбинација која вклучува природен цинк оксид без наночестички и со напредна технологија за обложување. Лесно се нанесува, нуди одлична заштита од сонце и не остава мрсно или лепливо чувство.
Но, не е само напредната технологија за заштита од сонцето тоа што го прави Aloe sunscreen незаменлив производ – чистото алое вера ја храни кожата, ја задржува влагата во неа и ја смирува. Ние користиме само најквалитетен гел од внатрешноста на листовите за да ја смириме и заштитиме вашата кожа. Заштитата дополнително ја зајакнавме со витамин Е кој се бори со штетите предизвикани од слободните радикали, омекнува и продира подлабоко за интензивна хидратација.
Aloe Sunscreen е водоотпорен 80 минути. Искористете го целосниот заштитен ефект со обилно и редовно нанесување кога сте на сонце. Без оглед дали сте тргнале кон висок планински врв или едноставно уживате во излет на отворено, бидете сигурни дека целото семејство може да ужива на сонцето, заштитено од Aloe Sunscreen.
СОСТАВ
Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice (Stablized* Aloe Vera Gel), Zinc Oxide, Octocrylene, Homosalate, Propanediol, Ethylhexyl Salicylate, Propylheptyl Caprilate, Disostearoyl Polyglyceryl-3 Dimer Dilinoleate, VP/Hexadecene Copolymer, Cetearyl Ethylhexanoate, Undecane, Polyhydroxystearic Acid, Hydrogenated Castor Oil, Tridecane, Caprylyl Glycol, Magnesium Sulfate, Parfum, Benzyl Salicylate, Benzyl Benzoate, Hexyl Cinnamal, Sodium Gluconate, Tocopheryl Acetate, Citric Acid, Ascorbic Acid, Ethylhexylglycerin, Chlorphenesin, Phenoxyethanol, Sodium Benzoate, Pottasium Sorbate.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесете го обилно лосионот 15-30 мин. пред изложување на сонце. Средно количество за нанесување на целото тело на возрасен = 6 лажички (околу 36 g). Нанесувањето на помало количество сериозно го намалува нивото на заштита. Нанесете повторно по долг престој во вода, обилно потење и бришење со крпа.
Еве неколку правила за минимизирање на штетите од сонцето:
- Запомнете – не постои безопасен или здрав тен. (Добивањето на тен покажува дека кожата веќе е оштетена и се обидува да се заштити.)
- Преземете разумни мерки на претпазливост за да избегнете изгореници од сонце, особено кај децата.
- Ограничете ја изложеноста на сончево зрачење кога не сте заштитени, особено во текот на четирите часа околу пладне.
- Останете под сенка секогаш кога можете, но не заборавајте дека изгореници од сонце се можни дури и во делумна сенка.
- Запомнете дека изгорениците од сонце може да се добијат додека пливате и почесто се појавуваат кога има високо ниво на рефлектирано ултравиолетово зрачење, на пример од снег или песок.
- Носете соодветна капа со широк обод за да ја намалите изложеноста на сонце на лицето, главата и вратот.
- Покријте ја изложената кожа на пример со кошула со долги ракави.
- Очилата за сонце треба да исклучат како директен, така и периферен контакт на очите со сончевите зраци.
- Користете препарати со висок заштитен фактор (30) за кожата изложена на сонце. Нанесувајте ги обилно и редовно.
- Запомнете дека некои лекарства и козметички препарати можат да ја зголемат вашата чувствителност на сонцето.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- SPF 30 заштита од UVA и UVB зраци.
- Одлична заштита со природен цинк оксид.
- Смирува, навлажнува и заштитува.
- 80 минути водоотпорност.
|