Соња е нешто повеќе од убавина - таа е израз на подмладување, восхитување и љубов. Уникатните состојки во нашите производи се грижат за вашата кожа, а не ја ставаат во искушение како останатите слични на нашите производи. Палетата производи “Соња” ја штитат кожата, ја смируваат и ја хидратираат. Главниот извршен директор и основач на компанијата Рекс Мон ја посвети оваа уникатна колекција на својата единствена ќерка Соња и на својата прекрасна сопруга Рут, како израз на љубов и почит кон нив.
Решение за комбинирана кожа. Наменета специјално за кожата која постојано се менува, новата колекција „Соња“ има висока содржина на алое во комбинација со други навлажнувачки растенија. Природата и науката си подаваат рака во револуционерната гел технологија која го обезбедува корисното дејство на алоето таму каде кожата има најголема потреба од него. Лесната конзистенција создава чувство на свежина и подмладување.
Заборавете на традиционалните средства за миење. Освежувачкиот гел за чистење „Соња“ го содржи нашиот алое гел плус навлажнувачки состојки како ладно пресувано масло од баобаб кое ја омекнува и хидрира кожата. Богатите антиоксиданти како јаболковите аминокиселини и хидроксиацетофенонот ја поддржуваат комбинираната кожа, додека природното средство за чистење – екстракт од плодовите на acacia concinna помага за отстранување на мртвите клетки натрупани на површината, нечистотијата и шминката за темелно и нежно чистење.
Вратете ѝ го природниот сјај на кожата со гелот за осветлување „Соња“. Инкапсулираните пептиди во нашиот гел кој брзо се апсорбира ги обезбедуваат најновите технологии за подобрување на изгледот на кожата, а комбинацијата од пет азиски растенија, вклучително и коренот од ликорица, го изедначуваат и освежуваат нејзиниот тен, за кожата да биде мека, мазна и да има здрав сјај.
Сонот за разубавување влегува во нова димензија со научно разработената формула која го оптимизира начинот на кој вашата кожа функционира во текот на ноќта. Усовршената гел маска „Соња“ придонесува за нејзиниот баланс, преку контролирање на мастењето и освежување на целокупниот изглед. Со богатата ризница од растенија, овошни екстракти и навлажнувачи ќе се разбудите со по-сјајна, по-млада и по- балансирана кожа.
Комбинација од богати растителни состојки и ефикасни компоненти, Хидрантниот гел за смирување „Соња“ претставува интензивно хидратирачко средство за освежена кожа збогатена со влага. Со повеќе од десет природни растителни екстракти и масла, бета-глукан извлечен од печурки, плус хидролизиран колаген и јаболков екстракт, формулата активно ја смирува и овлажнува комбинираната кожа.