Вашето тело се ослободува од 30-40 илјади стари кожни клетки секој ден. И при најтемелното чистење, вашата кожа понекогаш има потреба од малку помош за да се ослободи од нив и од нечистотиите. Во спротивно, може да се лупи и да изгледа изморена и без сјај. Вратете го нејзиниот сјај и изедначете го нејзиниот тен и структура, со тоа што ќе се ослободите од старите клетки, без да ги напрегнувате меките и нови оддолу.
Наместо иритирачки хемикалии или остри честички, измазнувачкиот ексфолиант користи пет различни природни состојки со уникатни функции за целосно чистење на лицето.
Зрнцата од масло од јојоба имаат природна сферична форма и нежно се тркалаат по вашата кожа за да ги отстранат наслојките. Бамбусот во прав од одржливи извори, чисти и ослободува од мртвите клетки. Тој е на доволно големи гранули, така што не ја гребе површината на кожата.
Екстрактите бромелаин, папаин и етерично масло од лимон се природни тоници. Извлечен од ананас, бромелаинот има ензимски својства кои помагаат да се уништи кератинот во мртвите клетки, и така го олеснува нивното отстранување. Папаинот го поддржува подмладувањето на кожата и е богат извор на витамините C, A, E и пантотенска киселина. Етеричното масло од лимон е силен хидратант, кој веднаш ја хидратира младата кожа оддолу.
Овие состојки се комбинирани и со антиоксиданти како екстракт од гроздов сок за најефективно и нежно ексфолирање, кое ќе резултира со свежа, мека и хидратирана кожа. Ексфолираната кожа подобро ги апсорбира клучните состојки од производите кои потоа ги нанесувате, за да имате оптимална корист од вашиот комплетен Форевер козметички режим.
Нанесете мала количина на влажните прсти и нежно масирајте го лицето со кружни движења, при што внимателно избегнувајте ги очите и зоната околу нив. Исплакнете темелно. Употребувајте 2-3 пати седмично за свежа кожа.
ВНИМАНИЕ! Избегнувајте директен контакт со очите! Во случај на иритација, исплакнете обилно со вода. Ако иритацијата не исчезне, прекратете со употреба и побарајте лекарска помош.