www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 069
56.7 г
Цена: 2443 ден.
R3 Factor Skin Defence Creme
Заштитен крем за лице
ОПИС И СВОЈСТВА

Независно дали сакаме да признаеме или не, општеството се залага многу за надворешниот изглед. Помогнете й на кожата да ја зачува својата природна влажност, да ја регенерира еластичноста и да го врати добриот надворешен изглед со Заштитниот крем за лице, R3 Factor Skin Defence Creme-богата поврзаност на стабилизиран алое вера гел, растворлив колаген и алфахидроксилни киселини, зајакнати со витамин А и Е, кои се од витално значење за здрава кожа.

Алфахдроксилните киселини потекнуваат од природни растителни извори и понекогаш ги нарекуваат “овошни киселини” . Лесно е да се разбере зошто: гликолинската киселина, многу мала и длабокопродирачка молекула, која е извадена од шеќерната трска, лимонска киселина- од цитрусови овошја, винската киселина е добиена од грозје, а јаболковата киселина - од јаболка. Сите тие овошни киселини заедно во комбинација имаат својство да раздвојуваат, да ги одделуваат мртвите клетки од површината на кожата преку растварање на природните материи кои ги задржуваат мртвите клиетки во ткивото. Суви и излуштени, овие клетки не можат ефикасно да ја спречат загубата на влажност, а сепак создаваат бариера за хидратантните креми. Рамномерното ослободување на кожата од тие мртви клетки гарантира дека во процесот на регенерирање клетките ќе станат посвежи. Бидејќи таа има потреба од 21-28 дена за едно целосно завршување на процесот на рагенерирање на кожата, сличен период е потребен и за да го почувствувате благотворното дејство на Заштитниот крем R3 Factor.

Низа производители и професионалци-козметичари, сметаат дека овошните киселини се најважен агенс во грижата за кожата во оваа деценија. Дури се тврди дека тие помагаат кај кожни проблеми кои варираат од акни до пигментација и белези што се појавуваат како последица на изложување на сончевите зраци. Некои креми присутни на пазарот всушност можат да направат иритација. Вклучувањето на алфахидроксилните киселини и смирувачкото својство на алое вера гелот во нашиот производ не дозволува сличен проблем. Витамините А и Е имаат и друга основна улога. Витаминот Е е моќен антиоксидант, додека витаминот А помага при одржување на здрава кожа, а успешно лекува и некои кожни проблеми како што се акни и псоријаза. Со еден збор, Заштитниот крем за лице, R3 Factor Skin Defence Creme, е моќен сојузник во борбата против суровото влијание на времето и го зачувува младешкиот изглед на кожата.

 
СОСТАВ
Aloe Barbadensis Leaf Juice, Aqua, Butylene Glycol, Squalane, Methyl Gluceth-20, Cetyl Dimethicone, Prunus Armeniaca Kernel Oil, Glyceryl Stearate, Acrylamide/Sodium Acryloyldimethyltaurate Copolymer, Tocopheryl Linoleate, Tocopheryl Acetate, Saccharum Officinarum Extract, Pyrus Malus Fruit Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Citrus Aurantium Dulcis Fruit Extract, Citrus Limon Fruit Extract, PEG-100 Stearate, Retinyl Palmitate, Glycolic Acid, Sodium Hyaluronate, Ascorbic Acid, Caprylyl Glycol, 1,2-Hexanediol, Collagen, C13-14 Isopara-ffin, Triethanolamine, Laureth-7, Citric Acid, Sodium Citrate, Parfum, Benzyl Salicylate, Alpha-Isomethyl Ionone, Hydroxycitronellal, Linalool, Amyl Cinnamal, Eugenol, Benzyl Benzoate, Diazolidinyl Urea, Methylparaben, Propylparaben, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Phenoxyethanol.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Откако ќе го исчистите лицето, нанесете на лицето, вратот и други места по желба. За да добиете најдобар резултат, употребувајте го наутро и навечер.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Овошните алфахидроксилни киселини придонесуваат за регенерирање на кожата.
  • Алое вера и додадените витамини го дополнуваат благотворното дејство.


© FLPB 2024 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org