www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 645
60 мл
ПЦП: 2702 ден.
Protecting Day Lotion
Заштитен дневен лосион
ОПИС

Започнете го денот со заштита на лицето од агресивното влијание на околната средина и сончевите зраци. Нашата кожа е под постојан напад од фактори како сонце, ветер, клима уреди… списокот е долг, но Форевер има одговор и тоа е нашиот нов и усовршен Protecting Day Lotion. Заштитете и нахранете ја вашата кожа со комбинација од состојки за нега и природниот минерал цинк оксид.

Нашата нова формула е погодна за сите типови кожа и нуди дополнителен бонус од заштитен фактор 20, за да го заштити вашето лице од УВ зраците и така да ја спречи појавата на знаци за предвремено стареење. Со специјална мешавина од масла, вклучувајќи екстракти од рицинус, канола и пустинска урма, заштитниот дневен лосион на Форевер е богат со антиоксиданти. Маслата од рицинус и пустинска урма се комбинираат со сончогледово, бидејќи сите имаат висока содржина на есенцијални масни киселини кои даваат мекост и ја измазнуваат структурата на кожата.

Во новата формула има и други есенцијални масни киселини – линолова, олеинска и палмитинска, како и природно извлечен цинк без наночестички со прогресивна технологија за обложување, благодарение на што лосионот ја штити кожата од сончевите зраци, без да остава бели траги. Лесно се нанесува и го зачувува беспрекорниот изглед на кожата. Кога ви треба заштита богата со корисни состојки за кожата, изберете Protecting Day Lotion.

ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанeсeте рамномерно по лицето и вратот секое утро по чистењето. Избегнувајте изложување на директна сончева светлина во период од 11 до 15 часот. Носете соодветна шапка, маица и очила за сонце.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Лесната формула се разнесува и впива во кожата без бели траги.
  • Содржи состојки за смирување и навлажнување на кожата.
  • Сега со повеќе алое вера и сертификат од МНСА.
  • 20 фактор за заштита од сонце.
  • Идеално се комбинира со производите од сериите секојдневна нега на кожата „Соња“ и Инфинит од Форевер.

© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org