www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 610
30 капсули
Цена: 2421 ден.
Forever Active Pro-B
Форевер актив про-Б
ОПИС

Forever Active Pro-B делува првенствено во цревата каде што го поддржува процесот на варење на храната, помага за апсорпција на хранливите материи и придонесува за нормалниот раст и развој на човекот преку обезбедување на балансирана средина за силен имунитет и здрав дигестивен систем.

Forever Active Pro-B содржи FloraActive – серија од корисни пробиотски соеви, разработени во Универзитетската болница во Копенхаген која е лидер во областа на гастроентерологијата. Со своите шест различни пробиотски соеви, Forever Active Pro-B обезбедува осум милијарди CFU (единици кои формираат колонии) во една капсула. Формулата вклучува и пребиотски фибри, идеални за одржување на корисните микроорганизми за време на нивното чување, транспортирање и доставување до цревата. Пребиотиците обезбедуваат идеална средина за живот и размножување на пробиотиците.

Бидејќи пробиотиците се прилично ранливи, Forever Active Pro-B користи ексклузивна криогена заштитна технологија која ги чува корисните бактерии при производството и во текот на рокот на траење на производот. Самите пробиотски соеви се така избрани да бидат отпорни на желудочната киселина и жолчните соли, за да стигнат до цревата неоштетени. Според клиничките истражувања, овие видови микроорганизми имаат поголема способност да преживеат при минување низ стомачно-цревниот тракт, да формираат колонии и да се размножуваат.

Но, тоа не е сѐ. Forever Active Pro-B е во растителни капсули, спакувани во уникатен флакон со Activ-Vial™ технологија. Новата технологија вклучува специјално разработен слој вграден во ѕидот на флаконот, кој го заштитува производот од влага и обезбедува максимално добро складирање на живите бактерии.

ППробајте го Forever Active Pro-B во комбинација со нашиот гел од алое вера кој делува како пребиотик. Независно дали вашата цел е да го поддржите здравјето на дигестивниот систем или да ја подобрите апсорпцијата на хранливи материи и функцијата на имунитетот, додадете го Forever Active Pro-B во секојдневниот режим.

 
СОСТАВ

Патентирана пробиотска комбинација со 8 млрд. CFU (единици кои формираат колонии): бифидобактериум лактис (5,2 млн./30 mg), лактобацилус рамнозус (1,15 млн. / 20 mg), лактобацилус реутери (580 млн. / 10 mg), лактобацилус ацидофилус (580 млн. / 8 mg), бифидобактериум лонгум (200 млн. / 5 mg), бифидобактериум бифидум (290 млн. / 5 mg); хидролизиран пченкарен декстрин, фруктоолигосахариди, глазура (хидроксипропил метилцелулоза), средство против згрутчување (магнезиум стеарат, силициум диоксид), обојувач (титан диоксид).

 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По една капсула дневно сo вода 30 мин. пред оброк.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Помага за здравјето на дигестивниот систем.
  • Има способност да ја избегне стомачната киселина за оптимален пренос на бактериите до цревата.
  • Содржи 6 синергички соеви, како и клинички проучениот лактобацилус рамнозус.
  • Над 8 милијарди CFU (единици кои формираат колонии).
  • Криогенски заштитените соеви ја обезбедуваат ефикасноста и издржливоста на производот.
  • Не содржи соја и алергени.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org