www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 312
30 ќесички во кутија
Цена: 1779 ден.
Forever NutraQ10
Форевер НутраQ10
ОПИС

Одличен додаток на исхрана со коензим Q10 и специјална формула во прав која лесно се раствора во гелот од алое на Форевер. Производот е извор на три важни состојки кои го поддржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Витамините од В комплексот поддржуваат здраво ниво на хомоцистеин во организмот, коензимот Q10 придонесува за функциите на клетките, а антиоксидантите се борат со слободните радикали. Заедно овие состојки имаат потенцијал да го поддржат правилното функционирање на кардиоваскуларниот систем.

Q10 е ензим произведен од човечкиот организам и е неопходен за основните функции на клетките, вклучително и на клетките во срцето и крвните садови. Според истражувањата, нивото на коензим Q10 опаѓа со напредување на возраста, а ние тогаш имаме најголема потреба од него. Коензимот Q10 има докажани својства на антиоксидант и ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали. Коензимот Q10 има потенцијал да го зголеми чувството на енергија, издржливост и добра општа состојба.

Додатокот на исхрана на Форевер ги поддржува функциите на кардиоваскуларниот систем со тоа што придонесува за поддршка на здраво ниво на хомоцистеин во крвта. Докажано е дека витамините В6, В12 и фолната киселина имаат својство да го задржат нивото на хомоцистеин во ниски вредности кои се корисни за здравјето. Тоа е многу важно за правилното функционирање на срцето и крвните садови.

Forever NutraQ10 содржи избрани билни екстракти – од семки од грозје, куркума, босвелија и листови од маслинки. Според различни студии, овие растителни екстракти со антиоксидантни својства, исто имаат благотворно дејство на кардиоваскуларното здравје. На сето горенаведено, ги додадовме и минералите магнезиум и хром, плус лецитин познат по неговите својства да ја подмачкува внатрешноста на крвните садови и да ги раздвижува масните наслаги во нив, како и моќните антиоксидантни витамини С и Е.

Земете ја оваа ризница од корисни хранливи материи и растворете ја во следната чаша корисен гел од алое.

 
ОСНОВНИ СОСТОЈКИ
Витамин С (аскорбинска киселина), витамин Е (D-алфа токоферол), витамин В6 (пиридоксин хидрохлорид), фолат (фолна киселина), витамин В12 (цианкобаламин), магнезиум (магнезиум карбонат), хром (хром хлорид), коензим Q10, екстракт од семки од грозје, екстракт од куркума (Curcuma longa), прав (корен), екстракт од босвелија (Boswellia serrata), екстракт од листови од маслинки, соја лецитин.
 
ДРУГИ СОСТОЈКИ
Фруктоза, микрокристална целулоза и силициум диоксид. Содржи соја.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Растворете ја содржината на една ќесичка во 120 мл гел од алое вера (или друга течност). Се пие по една ќесичка на ден.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Лесно се раствора во гел од алое вера.
  • Обезбедува коензим Q10 кој придонесува за основните клеточни функции.
  • Содржи билни екстракти, минерали, лецитин и антиоксидантни витамини.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org