Код: 205
118 мл
Цена: 1703 ден.
|
Aloe MSM Gel
Алое МСМ гел
ОПИС И СВОЈСТВА
Алое МСМ гел е крем кој ги ублажува болките во зглобовите и мускулите. МСМ (метил сулфонил метан) е органски сулфур – третата најмногу присутна материја во човечкиот организам и клучна компонента на `рскавицата и сврзното ткиво, од кои се изградени зглобовите. МСМ ги запира импулсите на болка пред да стигнат до мозокот и така делува како аналгетик.
Клуч за доставување на МСМ директно таму каде што е потребно, е другата главна состојка – чистиот, стабилизиран гел од алое вера. Освен што го надополнува дејството на МСМ со своите природни регенерирачки својства, тој се апсорбира брзо и ефективно во кожата, што го прави идеален транспортен систем за смирувачките својства на МСМ.
Алое МСМ гелот на Форевер ги комбинира двете основни состојки со моќни билни екстракти – екстракт од мечкино грозје, масло од листовите на чајно дрво, екстракт од рузмарин и бела врба. Сите тие традиционално се користат за поддршка на добрата состојба на мускулно-скелетниот систем.
СОСТАВ
Aloe Barbadensis Leaf Juice (Stabilized Aloe Vera Gel/gel d’aloès officinal stabilisé),Water (Aqua), Dimethyl Sulfone (MSM), Glycerin, Triethanolamine, Dimethicone, Arctostaphylos Uva Ursi Leaf Extract, Sodium Hyaluronate, Allantoin, Tocopherol (Natural Vitamin E/vitamin E naturelle), Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Oil, Rosmarinus Officinalis (Rosemary) Leaf Extract, Salix Alba (Willow) Bark Extract, Polysorbate 80, Ascorbic Acid, Carbomer, Disodium EDTA, Methylparaben, Diazolidinyl Urea.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесете обилно и нежно масирајте до целосно впивање во кожата. Избегнувајте контакт со очите. Ако дојде во контакт со очите, исплакнете обилно со млаз вода во времетраење од неколку секунди.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Ублажува болки и смирува.
- Чист и проѕирен гел, не остава траги на облеката.
- Содржи чисто алое вера и МСМ.
- Идеален сопатник на Forever Freedom.
|