www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Чоколадо
Код: 471
375 г
Цена: 1647 ден.
 
Ванила
Код: 470
375 г
Цена: 1647 ден.
Forever LIte Ultra with Aminotein
Форевер Лајт ултра со аминотеин
ОПИС И СВОЈСТВА
Шејковите Форевер лајт ултра со аминотеин се идеален додаток во вашиот здрав начин на живеење со Форевер Ливинг и се неразделен дел од програмите за контрола на телесната тежина Forever F.I.T. Производот сега има поголема содржина на протеини и помалку јаглехидрати и ги обединува новите технологии и новиот начин на размислување за да ви помогне здраво да се храните. Ви го предлагаме во два фантастични вкуса-арома на ванила и неодолива чоколада. Две дози на ден од Форевер лајт ултра со аминотеин, секоја растворена во 300 мл обезмастено млеко или вода, ви обезбедуваат 100% од дневната доза на витамини и минерали. Форевер лајт ултра содржи 18 корисни аминокиселини, помеѓу кои незаменливи, заменливи и аминокиселини со распространета верига. Со овој нов шејк можете да бидете сигурни дека ги добивате најсовремените откритија на науката за исхрана, без тоа да се одрази на извонредниот вкус. „Но што всушност го прави поразличен?“ сигурно се прашувате. Новата усовршена формула го обезбедува високиот квалитет на соиниот протеин. Протеините во прав имаат различно потекло. Два одлични извори се сојата и сурутката, кои успешно се користат долги години. Досега Форевер Ливинг Продактс ја користеше комбинацијата од двата вида во производството на серијата Forever Lite. Тие имаа богата содржина на протеини, аминокиселини и хранливи состојки. Но, според најсовремените испитувања, соиниот протеин самостојно користен, има уникатни предности пред комбинацијата од соја и сурутка. Затоа Форевер одлучи да создаде нов растворлив шејк, искористувајќи ги сите предности на најсовремените технологии за својата нова патентирана соина формула.
Протеините треба да одговараат на многу високи стандарди за да можат да се наречат комплетни. Високо квалитетни белковини се само тие кои ги содржат сите незаменливи аминокиселини во правилен сооднос за поткрепа на растот, развојот и одржувањето на мускулните ткива. Табелата дадена подолу ги покажува предностите на соиниот протеин пред протеинот кој е комбинација од соја и сурутка:
Корисни својства Сурутка+соја Само соја
Заситеност check check
Контрола на телесната тежина check check
Одличен извор на аминокиселини check check
Зголемена енергија и издржливост check check
Поддршка на мускулите check check
Корисни за здравјето на срцето   check
Растително потекло   check
Еколошко производство   check
Сигурен извор   check
Аминотеин   check
Форевер лајт ултра со аминотеин ви го нуди сето тоа и уште нешто! Сојата е одличен извор на хранливи белковини и според клиниката „Мајо“ ги содржи сите незаменливи аминокиселини. Нејзиното растителното потекло значи поодржливо и еколошко производство за разлика од протеините од сурутката која е производ од животинско потекло. А една од најубавите страни на соиниот протеин е тоа што според значајни клинички испитувања тој го намалува холестеролот во крвта. Има податоци дека соиниот протеин исто така ја подобрува издржливоста за време на спортување. Неговиот висок квалитет ја задоволува зголемената потреба од белковини на спортистите при стекнување на мускулна маса. Тој ги обезбедува и потребните незаменливи аминокиселини за раст и мускулен развој, како на спортистите, така и на нашите членови од семејството кои се развој. Така шејковите на Форевер се претвораат во идеален напиток кој можеме да го конзумираме пред или по тренинг.
А што е аминотеинот? Тоа е уникатна мешавина од ензими, специјално создадена за разградување на протеините која гарантира правилно варење на храната и оптимално апсорбирање на аминокиселините. Една од најсериозните пречки при внес на големи количини белковини е нивната сварливост. Со напредување на возраста, во телото се намалува производството на ензимите кои се неопходни за разградување на протеините и телото ја губи способноста квалитетно да го искористи дејството на важните градбени елементи. Аминотеинот е специјална ензимска формула чија цел е да ја ослободува полната сила на аминокиселините од соиниот протеин, со тоа што поефикасно ги разградува неговите молекули, отколку што тоа организмот сам би го направил. Така нашето тело има можност да апсорбира повеќе аминокиселини, кои може да ги искористи за градба на мускулни и сврзни ткива. Форевер лајт ултра со аминотеин и соин протеин...кој би можел да посака подобра комбинација?!
Шејковите Форевер лајт ултра се докажаа како одлична замена за еден или два оброка во текот на денот за сите на кои им треба поддршка при намалување на внесот на калории, без да му се наштети на телото поради дефицит на хранливи материи. А и тие се многу вкусен и удобен начин за да ги внесеме сите неопходни витамини и минерали со еден хранлив, сладок и прекрасен напиток. Доколку сето ова не ви е доволно, да напоменеме дека сојата исто така му обезбедува на организмот калциум, железо, цинк, фосфор, магнезиум, витамини од В комплексот, масни киселини омега-3 и растителни влакна. Нема многу растенија со толку богата содржина на корисни состојки. Сега гледате зошто одлучивме да ги усовршиме шејковите Форевер лајт ултра.
Пробајте ја новата формула со аминотеин, сигурни сме дека ќе ви се допадне! Продолжете да го одржувате здравиот начин на живот и вклучете во него еден или два шејка дневно за да го претворите Форевер лајт ултра во дел од целокупната исхрана. Соберете го целото семејство покрај кујнската маса и подајте чаша со шејк на секого. Освен што ќе им дадете вкусен напиток, ќе знаете дека сте ги нахраниле и со мешавина од корисни хранливи материи и комплетни протеини!
 
СОСТАВ
Ванила
Соја протеин изолат, крем, фруктоза, фруктоолигосахариди, Аминоген® (патентирана протеаза мешавина), природен вкус на ванила,гуар гума, соин лецитин, калиум трифосфат, натриум трифосфат, биотин, сукралоза, аскорбинска киселина, д-алфа токоферил ацетат, ниацинамид, витамин А палмитат, цинк оксид, д-калциум пантотенат, калиум јодид, витамин Д3, пиридоксин хидрохлорид, пивски квасец, тиамин хидрохлорид, цианокобаламин, рибофлавин, фолна киселина, натриум селенит, бакарен сулфат, манган сулфат, железо фумарат, калциум карбонат, магнезиум оксид.

Чоколадо
Соја протеин изолат,крем, какао во прав, природен вкус на чоколадо, фруктоза, фруктоолигосахариди, сукралоза, гуар гума, соин лецитин, Аминоген® (патентирана протеаза мешавина), биотин, аскорбинска киселина, д-алфа токоферил ацетат, калиум трифосфат, натриум трифосфат, ниацинамид, витамин А палмитат, цинк оксид, д-калциум пантотенат, калиум јодид, витамин Д3, пиридоксин хидрохлорид, пивски квасец, тиамин хидрохлорид, цианокобаламин, рибофлавин, фолна киселина, натриум селенит, бакарен сулфат, манган сулфат, железо фумарат, калциум карбонат, магнезиум оксид.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Рачно или со миксер измешајте една рамна дозерка со 300 мл обезмастено млеко. При посебни прилики измешајте со кршен мраз или овошје. Пред секоја употреба добро протресете ја кутијата
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Составен дел од програмите за контрола на телесната тежина Forever F.I.T.
  • За вашиот здрав начин на живот со низок внес на јаглехидрати
  • Природна арома


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org