www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 640
296 мл
Цена: 1610 ден.
Aloe-Jojoba Shampoo
Алое-јојоба шампон
ОПИС
Направен со чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера и масло од јојоба за зајакнување на косата, обновениот шампон на Форевер е идеален за секојдневна употреба. Уживајте во свежиот мирис на тропски плодови со ноти на слатка павлака, додека богатата природна пена помага за лесно миење на нечистотиите и замастувањето. Формула без сулфати, ја одржува рамнотежата на влага на скалпот, а косата е мека и лесна за чешлање.

Алое-јојоба шампонот не содржи сулфати и придонесува за одржување на рамнотежа на влагата на скалпот, а косата е мека и лесна за чешлање. Нашиот сопствен стабилизиран гел од алое вера не само што ѝ помага на вашата коса да ја задржи влагата, туку делува и како природен емулгатор кој остава чувство на чиста и обновена коса со прекрасен сјај.

Во прилог на чистење на вашата коса, додадовме масло од јојоба кое е богато со природни масти за здрава и густа коса. Ова лесно масло е хранливо, смирувачко и нежно за скалпот. Уште повеќе ја зајакнавме неговата моќ со витамин B5, арганово масло и масло од шипка. Заедно овие моќни состојки обезбедуваат хранливи материи, незаситени масни киселини и антиоксиданти за поддршка на здрава, хидрирана и мека коса.

Алое-јојоба шампонот на Форевер е идеален за целото семејство. Искусете го чувството на длабоко чистење, по кое вашата коса ќе изгледа на најдобриот можен начин. За постигнување на оптимални резултати користете го заедно со Алое-јојоба балсамот на Форевер!

ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесете на влажна коса и масирајте за да го стимулирате скалпот и да формирате убава пена. Исплакнете темелно. За оптимални резултати, користете со алое-јојоба балсамот.
 
СОСТАВ
Aloe Barbadensis Leaf Juice (Stabilized* Aloe Vera Gel), Aqua, Sodium C14-16 Olefin Sulfonate, Cocamidopropyl Hydroxysultaine, Sodium Carboxymethyl C10-16 Alkyl Glucoside, Lauryl Glucoside, Rosa Canina Fruit Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Argania Spinosa Kernel Oil, Sorbitan Oleate Decylglucoside Crosspolymer, Hydroxyacetophenone, Guar Hydroxypropyltrimonium Chloride, Potassium Sorbate, Dimethicone PG-Diethylmonium Chloride, Cetrimonium Chloride, Panthenol, Sodium Chloride, Disodium EDTA, Glycerin, Sodium Citrate, Citric Acid, Propanediol, Ascorbic Acid, Parfum, Benzyl Benzoate, Chlorphenesin, Sodium Benzoate, Sorbic Acid.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Универзален шампон за секој тип коса.
  • Нежен за кожата на главата.
  • Природна пена за лесно миење на нечистотиите и замастувањето.
  • За мека коса, лесна за чешлање и стилизирање.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org