www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 641
296 мл
Цена: 1720 ден.
Aloe-Jojoba Conditioner
Алое-јојоба балсам
ОПИС
Добар балсам навистина може да го промени начинот на кој се грижите за вашата коса. Алое-јојоба балсамот на Форевер ја омекнува и измазнува косата, го олеснува чешлањето и стилизирањето. Освен тоа, длабински потхранува и ја подобрува хидратацијата на косата и кожата на главата. Не содржи сулфати.
Лесната формула е идеална за секојдневна употреба и вклучува три различни масла кои ја зачувуваат влагата без да ја оптоваруваат косата. Маслото од јојоба е богато со природни масти кои даваат јачина и придонесуваат за згуснување на косата. Аргановото масло, наречено „течното мароканско злато“ ја храни косата со антиоксидантната моќ на витаминот E. Додадовме и масло од шипки за да ја одржите вашата коса мека и навлажнета, а истовремено зајакната со витамини C, E и B.
Сите овие состојки се додадени на стабилизираниот гел од алое вера од нашите сопствени полиња. Внатрешноста на листовите на алоето содржи 75 активни компонента кои му помагаат на производот да ја омекне кожата на главата и да го врати природниот сјај на вашата коса.
Алое-јојоба балсамот е одличен партнер на Алое-јојоба шампонот и заедно го олеснуваат чешлањето, ја измазнуваат косата и ги скротуваат кадриците за лесно стилизирање. Смирувачкиот балсам има ист освежувачки мирис како нашиот Алое-јојоба шампон – тропско овошје, слатка павлака и диња. Формулата е погодна за двата пола и за сите возрасти, што го прави производот идеален за целото семејство. Дајте ѝ го на косата најдоброто од природата со Алое-јојоба балсамот на Форевер.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По миењето со Алое-јојоба шампонот, со масажни движења нанесете го балсамот и оставете да делува 2-3 минути. Темелно исплакнете и исушете ја косата.
 
СОСТАВ
Aloe Barbadensis Leaf Juice (Stabilized* Aloe Vera Gel), Aqua, Cetyl Alcohol, Behentrimonium Chloride, Isoamyl Laurate, Cetearyl Alcohol, 1,2-Hexanediol, Rosa Canina Fruit Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Argania Spinosa Kernel Oil, Hydrolyzed Jojoba Esters, Caprylyl Glycol, Hexylene Glycol, Ethylhexylglycerin, Isopropyl Alcohol, Citric Acid, Ascorbic Acid, Parfum, Benzyl Benzoate, Hexyl Cinnamal, Phenoxyethanol, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Лесен балсам за секој тип коса.
  • Ја омекнува и измазнува косата.
  • Ја хидратира кожата на главата и косата.
  • Ја задржува влагата со три различни масла.
  • Нежен за скалпот.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org