Код: 355
60 таблети
Цена: 1581 ден.
|
Forever Immublend
Форевер имубленд
ОПИС И СВОЈСТВА
Додаток на исхраната создаден за целосна поддршка на имунитетот. Секоја состојка во нашата патентирана формула е специјално избрана поради клучната улога која ја има за поддршка на имуните функции. Комбинацијата го потпомага оптималното дејство на биолошките заштитни механизми на телото за да сте витални дури и во ризичните сезони. Меѓу хранливите состојки кои придонесуваат за имунитетот се лактоферин, печурките маитаке и шитаке, витамините С и D, како и цинк за дополнителна заштита. Секоја од овие клучни состојки придонесува на одреден начин за одржување на вашето здравје и виталност.
- Фруктоолигосахариди – посебен вид шеќери кои служат како храна на пробиотските бактерии во дигестивниот систем. Нивното присуство во организмот го зголемува количеството на корисна цревна микрофлора, што е клучно за добар имунитет.
- Лактоферин – соединение кое го поддржува производството на имуни клетки и придонесува за одржување на оптимални нивоа на корисните бактерии во цревата.
- Печурки маитаке и шитаке – го поддржуваат производството на имуни клетки, како и функциите на кардиоваскуларниот систем.
- Витамин D – ги зајакнува имуните клетки.
- Витамин С – се спротивставува на штетните слободни радикали.
- Цинк – има антиоксидантно дејство и го поддржува производството на имуните клетки.
Оваа ексклузивна формула ги потпомага сите аспекти од функцијата на имунолошкиот систем, обезбедувајќи ги најважните хранливи состојки за добар имунитет, плус природни билки со синергично дејство.
СОСТАВ
Патентирана смеса од фруктоолигосахариди, лактоферин, печурки маитаке во прав (Grifola frondolosa), печурки шитаке во прав (Lentinula edodes), екстракт од маитаке (Grifola frondolosa), витамин С, витамин D3 (како холекалциферол), цинк.
ДРУГИ СОСТОЈКИ
Микрокристална целулоза, хидроксипропил метилцелулоза, стеаринска киселина, магнезиум стеарат, кроскармелозен натриум, силициум диоксид, натриум карбоксиметилцелулоза, декстрин, декстроза, соја лецитин и натриум цитрат.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По две таблети на ден како додаток на исхраната. ВНИМАНИЕ: консултирајте сѐ со лекар пред употреба на овој додаток на исхрана ако сте бремена, се обидувате да зачнете или доите.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Ги поддржува сите аспекти од функцијата на имунолошкиот систем.
- Обезбедува спектар на хранливи состојки за поддршка на имунитетот.
- Се бори со слободните радикали.
|