Секој ден нашата кожа е изложена на стресните фактори од околната средина кои може да предизвикаат сушење и да го забрзаат нејзиното стареење. За да ја одржите кожата млада, еластична и обновена, додајте дополнителна доза хидратација во вашата секојдневна нега со хидрантниот серум на Форевер. Тој не само што ќе ја обвие вашата кожа со свиленкаста влажност, туку и многукратно го подобрува дејството и ефектот на вашиот омилен крем за лице од Форевер.
Моќта на формулата се должи на четири вида хиалуронска киселина од кои секој има важна улога за задржување на влагата. Хиалуронската киселина е интензивен навлажнувач кој има способност да задржи 1000 пати повеќе влага од сопствената тежина. Комбинацијата од нејзините четири форми ја надополнува водата во површинските слоеви на кожата и ја задржува влагата во длабочина, а истовремено ја подобрува еластичноста и резултатот е видливо помазна кожа.
- Натриум хиалуронат кросполимер со ултра висока молекуларна тежина формира тенок заштитен слој врз кожата и на тој начин го намалува испарувањето на водата од нејзината внатрешност, притоа обезбедувајќи 24-часовна хидратација и заштита од загадениот воздух.
- Натриум хиалуронат ја задржува влагата на површината на кожата.
- Брзо апсорбирачки ацетилиран натриум хиалуронат ја негува кожата и ѝ дава исклучителна хидратација.
- Хидролизираниот натриум хиалуронат со ниска молекуларна тежина се апсорбира брзо од внатрешните слоеви на кожата, за да ја хидратира и регенерира одвнатре.
На хиалуронската киселина ѝ додадовме состојки од различни краишта на светот – од Африка до Азија. Меѓу нив има снежна печурка која ја задржува влагата, богати кокосови масни киселини, нежниот ши путер и состојки за борба против слободните радикали како маслиново масло, бел чај и кора од мимоза.
Додадовме и тамаринд за кој се покажа дека има способност да ја подобрува хидратацијата на кожата, придонесува за нејзина поголема еластичност, ја измазнува и го намалува изгледот на груба кожа.
Производот е дел од серијата наменета за специфичните потреби на секого. Лесно се нанесува, брзо се впива и е исклучително лесен. Хидрантниот серум ќе ја исполни кожата, ќе ја овлажни, ќе ги намали фините линии и брчки и ќе додаде уште една заштитна линија од стресните фактори на околната средина.
За најдобри резултати, исчистете ја кожата, исушете ја и нанесете го хидрантниот серум пред секојдневниот хидрантен крем. Серумот е доволно лесен за да се користи како основа за шминка, крем и производи за заштита од сонце, што го прави универзален и ефикасен.
Употребувајте го и наутро и навечер, за да ја хидратирате дополнително кожата, да ја освежите и таа да добие помлад и блескав изглед.
Aloe Barbadensis Leaf Juice, Aqua, Propanediol, Cocoglycerides, Propylheptyl Caprylate, Butyrospermum Parkii Butter, Coconut Alkanes, Cetearyl Alcohol, C12-16 Alcohols, Tremella Fuciformis Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Mimosa Tenuiflora Bark Extract, Tamarindus Indica Seed Polysaccharide, Caprylyl Glycol, Lauroyl Lysine, Palmitic Acid, Hydrogenated Lecithin, Cetyl Palmitate, Sorbitan Palmitate, Coco-Caprylate/Caprate, Sorbitan Oleate, Gluconolactone, Sodium Acetylated Hyaluronate, Sodium Hyaluronate, Sodium Ascorbyl Phosphate, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Xanthan Gum, Disodium EDTA, Citric Acid, Pentylene Glycol, Maltodextrin, Ascorbic Acid, Ethylhexylglycerin, Tocopherol, Parfum, Linalool, Limonene, Geraniol, Hexyl Cinnamal, Phenoxyethanol, Chlorphenesin, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate.
За да ја хидратирате кожата, притиснете ја пумпицата 1-2 пати и нежно распоредете го серумот на лицето и вратот со кружни движења пред да го нанесете омилениот крем за лице од Форевер.