www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 642
30 мл
Цена: 2055 ден.
Nourishing Hair Oil
Масло за нега на коса
ОПИС

Маслото за нега на коса има растителни состојки и не ја оптоварува косата. Шест растителни масла без силикони нудат хидратација и потхранување. Маслото од крамбе се извлекува од растението Crambe abyssinica (роднина на репката). Ја заштитува и зајакнува косата за да се справи подобро со стилизирањето и агресорите на околната средина. Маслото од јојоба дава сјај и ја прави косата лесна за чешлање. Зајакнувачкото масло од патауа е богато со антиоксиданти кои смируваат и измазнуваат. Маслото цубаки, извлечено од јапонска камелија, дава еластичност. Маслото пекуи, познато како „златото на Серадо“, се добива од плодовите на бразилско дрво. Неговите масни киселини и антиоксиданти даваат сјај и мазна косата. И на крај е маслото од шафран кое ја враќа обновува хидратацијата, ја заздравува и омекнува косата.

Свиленкасто мазна коса

Маслото за нега на коса на Форевер содржи обновливи алтернативи на силиконите од растително потекло кои ја зајакнуваат косата и ја штитат од истоштување од редовното стилизирање. Покрај тоа, екстрактот од цвекло дава свиленкаста мекост и здрав изглед. Суптилната овошно-цветна арома на маслото за коса ќе ве маѓепса. Брзо се апсорбира без косата да натежнува или да ја чувствувате мрсна. Идеално е да се комбинира со алое-јојоба шампонот и балсамот за коса на Форевер.

За кого е погодно?

Маслото за коса е погодно за секој тип коса и може да се употребува и на мокра и на сува коса. Погодно е не само за долги, туку и за кратки фризури. Кажете и збогум на нескротливата коса која лета во сите правци и цвета, и поздравете ја здравата, сјајна и свиленкасто мазна коса.

Маслото за нега на коса доби печат ОДЛИЧЕН во дерматолошките студии на Dermatest®.

 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Ставете неколку капки на дланката, тријте ги рацете и нанесете го маслото на влажна коса од средината на косата до врвовите. Може да се користи и на сува коса по стилизирање.
 
СОДРЖИНА (INCI)
C15-19 Alkane, Isoamyl Laurate, Caprylic/Capric Triglyceride, Crambe Abyssinica Seed Oil Phytosterol Esters, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil, Camellia Japonica Seed Oil, Parfum, Oenocarpus Bataua Fruit Oil, Caryocar Brasiliense Fruit Oil, Carthamus Tinctorius (Safflower) Seed Oil, Benzyl Benzoate, Tocopheryl Acetate, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Beta Vulgaris (Beet) Root Extract, Hexyl Cinnamal, Linalool, Benzyl Salicylate, Citronellol, Tocopherol.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Дава хидратација, сјај и измазнување на косата.
  • Содржи шест растителни масла за нега на косата.
  • Не содржи силикони.
  • Удобна пипета за точно дозирање.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org