Код: 061
118 мл
Цена: 1110 ден.
|
Aloe Vera Gelly
Алое Вера желе
ОПИС И СВОЈСТВА
Вo минатото алоето се употребувало за третман на лесни кожни иритации. Всушност многумина одгледуваат дома алое или т.н „лек за изгореници“ за итни случаи. Но, не ви е потребно растение кога можете да ја имате тубата со Aloe Vera Gelly!
Формулата на Aloe Vera Gelly ја опфаќа моќта на алоето во неговата најчиста форма. Желето е за локална употреба, за да ја влажни, смирува и подобрува состојбата на кожата. Алое вера желето е густ, проѕирен гел кој содржи состојки кои ја влажнат и омекнуваат кожата. Се впива длабоко во кожата и пријатно ја смирува, без да остава траги на облеката. Алое вера има природно антибактериско дејство кое помага во регенерација на оштетените ткива. Aloe Vera Gelly не содржи масни материи и не иритира, може да се нанесува пред ултразвучен третман и смирува после електролиза. Фризерите го нанесуваат на скалпот пред да се прави трајна фризура или бојадисување со цел да ја заштитат кожата.
Од шкафчето во бањата до комплетот за прва помош и од кујната до кампот, Aloe Vera Gelly е идеален сопатник за кожата, секогаш кога ви треба малку дополнителна нега.
СОСТАВ (INCI)
Aloe Barbadensis Leaf Juice, Aqua, Glycerin, Triethanolamine, Carbomer, Disodium EDTA, Citric Acid, Ascorbic Acid, Allantoin, Glycine Soja Oil, Tocopherol, Methylparaben, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Diazolidinyl Urea.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Внимателно исчистете ја кожата пред обилно да нанесете е Aloe Vera Gelly. Повторете ако е потребно.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Смирува, навлажнува и кондиционира.
- Не остава траги на облеката.
- Одличен за прва помош.
|