www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 065
100 гел капсули
Цена: 1202 ден.
Forever Garlic-Thyme
Лук и мајчина душичка
ОПИС И СВОЈСТВА
Употребата на лукот и мајчината душичка датира илјадници години. Во египетски папирус од 1500 год. п.н.е. се пронајдени 22 рецепти со лук за луѓе при проблеми со главоболки, болки во грлото и физичка истоштеност. Првите докази за својствата на лукот доаѓаат во 1858 год. кога Луј Пастер открива дека лукот ги уништува штетните бактерии.
Лукот е сложено растение. Основната активна состојка на природниот лук е алицинот. Тој му го дава на лукот специфичниот остар мирис. Алицинот е многу силен антибактериски агенс кој навлегува во крвниот систем и ги дезинфицира белите дробови, внатрешните органи и кожата. Алицинот е основната активна состојка во додатокот Forever Garlic-Thyme. Другите активни состојки се ажоен (антикоагулант) и лецитин кој помага во отстранувањето на масните наслаги како што е холестеролот и помага во претворањето на мастите во енергија за време на размената на материите. Сулфурните соединенија во лукот се анти-габични и анти-бактериски, што го прави ефикасен при многу проблеми, вклучително грип и кандида албиканс. Тие исто така му помагаат на лукот да го заштити организмот од слободните радикали и затоа е моќен антиоксидант. Лукот содржи и германиум - минерален микроелемент за кој се смета дека го поддржува имунолошкиот систем, како и селен - минерален антиоксидантен микроелемент.
Мајчината душичка содржи танин, фенол и тимол (сапонини) – антибактериски и антигабични материи кои ублажуваат бронхит, го смируваат системот за варење и се моќни антиоксиданти.
Присуството на калиум, калциум, магнезиум, витамини B и C исто така придонесува за благотворното дејство на Forever Garlic-Thyme.
 
СОСТАВ
Концентрирано масло од лук 10 mg, мајчина душичка 50 mg (листови во прав), масло од канола, желатин, глицерин, вода, соја лецитин, восок, екстракт од морков.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По една гел капсула три пати дневно со многу вода.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Моќен антиоксидант.
  • Капсули без мирис.
  • Придонесува за претворање на мастите во енергија.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org