Прегрнете ги вашите сетила со моќта на љубовта на островите Самоа со помош на овој префинет парфем, кој оддава почит на основачот на Форевер Рекс Мон и неговата длабока врска со народот на Самоа.
На самоански „алофа“ значи „љубов“ – збор кој е вткаен во суштината на Форевер од Рекс, кој често велеше дека „моќта на Форевер е моќта на љубовта“.
Префинетиот парфем АЛОФА ЗА НЕА го пренесува токму тоа чувство на љубов со волшебен мирис создаден специјално за Форевер. Сестраниот мирис содржи внимателно одбрани растителни мириси кои пленат. Цветните ноти како сладок јасмин се испреплетуваат со свежи цитруси и топлиот здив на сандалово дрво. Резултатот е елегантен парфем кој ја доловува суштината на женственоста.
Освен со мирисната привлечност, производот привлекува и со неговото пакување. Финиот парфем АЛОФА ЗА НЕА е во внимателно дизајнирано шише со традиционални културни мотиви, создадени од уметник од Самоа кои го прикажуваат вистинското значење на „алофа“.
Уметнички изработениот парфем ги додава завршните детали на вашата секојдневна облека или тоалета за специјални пригоди. Почувствувајте ја моќта на љубовта со парфемот АЛОФА ЗА НЕА.
Напрскајте на места како на пример зад линијата на вилицата, од внатрешната страна на зглобовите, во наборите на лактите, па дури и на колената.
Alcohol Denat., Parfum, Aqua, Limonene, Linalool, Benzyl Salicylate, Hydroxycitronellal, Coumarin, Hexyl Cinnamal, Citronellol, Geraniol, Benzyl Benzoate, Farnesol.