Код: 40
473 мл
Цена: 1463 ден.
|
Aloe First
Смирувачки алое спреј
ОПИС И СВОЈСТВА
Aloe First е прекрасен додаток за секоја аптека за прва помош. Оваа исклучителна формула ја заштитува кожата од инфекции и воспаленија. Создаден со висок процент стабилизиран гел од алое вера, Aloe First содржи и други одбрани состојки, поради што е незаменлив производ за различни кожни проблеми.
- Пчелниот прополис ги зголемува природните антибиотски својства на алое вера.
- Алантоинот ја заштитува кожата и се среќава во мноштвото растенија, вклучително во надворешната кора на листовите на алоето.
- Единаесет внимателно одбрани билки, познати по своите благотворни својства, се додадени за уште поголем ефект.
Сите овие состојки се комбинирани во еден природен смирувачки спреј, погоден за употреба кај кожни иритации - црвенило, плускавци, рани од исекувања и модринки. Лесен е за употреба дури и кога допирот со кожата е многу болен, Aloe First помага при помали исеченици и изгореници од сонце. Aloe First е со балансиран pH и има смирувачко дејство дури и кај најчувствителната кожа. Смирува и кај тропски лишаи.
Aloe First може да се прска и врз косата, за да ја заштити од штетните ултравиолетови зраци на сонцето. Се користи во фризерски салони пред да се прави трајна фризура, за да се спречи сушењето на косата како резултат на употребените препарати. Во козметичките салони Aloe First дејствува особено смирувачки после депилација.
Aloe First е исклучителен производ кој по своето дејство е ненадминат во својата категорија.
СОСТАВ
Стабилизиран гел од алое вера, вода, алантоин, глицерин, токоферол (природен витамин Е), пчелен прополис, екстракт од цветови на невен (Calendula Officinalis), екстракт од ајдучка трева (Achillea Millefolium), екстракт од цветови и листови на мајчина душица (Thymus Vulgaris), екстракт од цветови на камилица (Anthemis Nobilis), екстракт од корен на глуварче (Taraxacum Officinale), екстракт од листови на еукалиптус (Eucalyptus Globulus), екстракт од цветови на пасифлора (Passiflora Edulis), екстракт од листови на жалфија (Salvia Officinalis), екстракт од корен на ѓумбир (Zingiber Officinale), екстракт од боражина (Borago Officinalis), екстракт од сандалово дрво (Santalum Album), полисорбат 20, натриум цитрат, диазолидинил карбамид, метилпарабен.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесете обилно врз кожата за да ја смирите и навлажните.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Треба да биде присутен во секој дом.
- Смирува при изгореници, црвенило, убоди од инсекти и плускавци.
- Ја штити косата од сончевите зраци и од штетното влијание на хлорот.
- Ја заштитува косата пред правење на трајна фризура.
|