Маската за лице во прав е уникатна комбинација од богати состојки, избрани поради нивната способност да ја смируваат кожата и да ги чистат порите. Идеално се меша со алое активатор и создава лосион кој е лесен за нанесување на лицето и вратот. Албуминот и пченкарниот скроб имаат својство да продираат и затегнуваат, а каолинот го апсорбира вишокот масти. Алантоинот и камилицата ги смируваат и регенерираат клетките на кожата, бидејќи го забрзуваат растот на нови клетки.
Истурете една лажичка од маската за лице во мал сад. Додадете една лажичка Алое активатор и промешајте додека смесата не изгледа како лосион. Со козметичка четка нежно нанесете тенок, рамномерен слој на лицето (избегнeте ја областа околу очите), со движења нагоре и кон надвор. Започнете од основата на вратот и постепено распределете го лосионот на лицето и вратот. Опуштете сѐ во легната положба и избегнувајте движења на лицето околу 30 минути.
За да се отстрани маската потребно е да се омекне со лесно затоплена, влажна крпа. Потоа темелно исплакнете со топла вода. Продолжете со хидратантен тоник или со омилениот хидратант.
Забелешка: може да почувствувате мускулна контракција набргу по нанесување на смесата. Во одделни случаи за кратко време може да почувствувате лесно чешање. Ако тоа се случи, притиснете го местото со врвот на прстот додека не запре чешањето. НЕ ГО ТРИЈТЕ И НЕ ГО ЧЕШАЈТЕ.