www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 440
250 мл
Цена: 241 ден.
FAB X Forever Active Boost
ФАБ Х Природен енергетски пијалак
ОПИС И СВОЈСТВА
Енергетскиот пијалак FAB X Forever Active Boost™ е здрава алтернатива, која вклучува витамини, аминокиселини и електролити, но без никакви калории, јаглехидрати и шеќери. Дали некогаш посакувате да имате повеќе време за да направите сѐ што сте планирале? Времето ви е највредниот ресурс, а ако имате доволно енергија во текот на денот ќе можете да го постигнете саканото. Го направивме FAB X за да ви помогнеме да останете усогласени со вашите цели за здравје и фитнес, а притоа да уживате во истиот одличен вкус и придобивки на кои сте навикнале од ФЛП.
Од време на време, секој од нас има потреба од наплив на енергија, додека пак долготрајната енергија без енергетски падови нѝ помага да се справиме со напорното секојдневие. Со FAB X веќе можете да сметате и на двете, а истовремено да ја сочувате елегантната линија. Без калории, без шеќер, без јаглехидрати – FAB X е идеален пијалак за моментите во кои имате потреба од освежување. Билката гуарана придонесува за брзиот ефект на FAB X, а долготрајната енергија е обезбедена од патентираната мешавина од адаптогени билки, витамини, аминокиселини и електролити, формулирана од страна на еден од водечките спортски научници.
Издржливоста, концентрацијата, енергијата и витамините што ќе ги добиете од FAB X ќе ве ревитализираат и ќе ви помогнат да ја зголемите вашата продуктивност без шеќер и калории. Секогаш кога имате потреба од дополнителна енергија,без да наштетите на својата фигура, можете да се потпрете на диететскиот FAB X.
 
АКТИВНИ СОСТОЈКИ
Стабилизиран гел од алое вера, таурин 600 mg, екстракт од семе на гуарана, глукоронолактон, L-глутамин, мешавина од адаптогенни билки (сибирски женшен Eleutherococcus S., шисандра), инозитол, витамини (B3, B5, B6, B12).
 
ДРУГИ СОСТОЈКИ
Газирана вода, лимонска киселина, регулатори на киселост (натриум цитрат, калиум цитрат), јаболкова киселина, аромати, сукралоза, обојувач (бета-каротин).
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По една лименка дневно. Нежно протресете и сервирајте оладено. Не се препорачува за деца, бремени и доилки. Консултирајте сѐ со лекар ако имате некакво заболување.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Без калории, без јаглехидрати, без шеќери.
  • Брза и долготрајна енергија.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org