DX4™ Body Balancing System | DX4™ балансирачка програма
Код: 659 | Цена: 9222 ден.
ОПИС
Започнете го ударно вашето патување до повеќе виталност со DX4™ од Форевер – четиридневeн систем коj ви помага да го рестартирате телото и умот со моќна комбинација од краткотрајно гладување, насоки за исхрана и шест иновативни производи достапни само во програмата, плус нашиот класичен Aloe Vera Gel за потребната нутритивна поддршка и постигнување на зацртаните цели.
Првите два дена се фокусираат на ограничување на внесот на калории, а третиот и четвртиот – на вклучување на повеќе здрава, зелена и цврста храна. Во текот на четирите дена од програмата, ќе набљудувате како се чувствува вашето тело во целина, како реагира на производите и какви промени забележувате во зајакнување на врската меѓу умот и телото. Пиењето доволно вода е важен елемент на програмата, а целта е да се создаде навика да се пие повеќе вода и откако ќе заврши програмата.
Секој ден си има тема: одлучи, одреди, откриј и посвети. Во текот на четирите дена ќе ве водиме до посилна врска меѓу умот и телото за подобро целокупно здравје.
DX4™ вклучува:
Forever Therm Plus™ – 12 таблети
Моќен додаток на исхраната со зелен чај, гуарана, зелено кафе, екстракт од шафран и витамини B12 и C, кои придонесуваат за нормален метаболизам и производство на енергија, како и за намалување на чувството на замор, за поддршка на метаболизмот и енергетските нивоа.
Forever DuoPure™ – 8 таблети
Forever DuoPure™ комбинира екстракт од калинка и јапонска фалопија со холин, фолна киселина и витамини B6 и B12. Холинот придонесува за одржување на нормалната функција на црниот дроб, а B витамините и фолната киселина поддржуваат многу функции во телото, меѓу кои е придонесот на витаминот B6 за нормалниот тек на метаболизмот на протеините и гликогенот.
Forever Multi Fizz™ – 4 шумливи таблети
Со освежителен вкус на лубеница, Forever Multi Fizz™ е растворлива таблета која ја подобрува хидратацијата, додавајќи ? лесен газиран вкус на водата. Збогатен е со витамините C, B и E.
Forever LemonBlast™ – 4 ќесички
Практично пакување со растителни екстракти кое се раствора во вода во киселкаст и благо пикантен напиток со вкус на лимон, ѓумбир и лут црвен пипер со куркума во прав. Може да се пие топол или ладен. Нуди уникатна мешавина од растворливи влакна со магнезиум за поддршка на електролитниот баланс и нормалната ментална функција.
Forever Sensatiable™ – 32 таблети за џвакање
Forever Sensatiable™ содржи глукоманан. Нуди слатко бегство од секојдневните искушенија. Со висока содржина на растителни влакна со исклучителна способност да апсорбираат вода.
Forever Plant Protein™ – 1 пакување
Растителниот протеин на Форевер обезбедува по 17 гр. протеини во една порција. Формулата е веганска и не содржи ниту млечни производи, ниту соја. Со пријатен вкус на ванила и глатка конзистентност за разлика од многу други растителни протеини. Протеините од грашок и тиква придонесуваат за нормална состојба на коските, како и за раст и одржување на мускулната маса.
Forever Aloe Vera Gel® – 4 пакувања по 330 мл
Гелот од алое вера содржи 99,7% чист гел од внатрешноста на листовите на растението и витамин С кој придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем.
СОСТАВ
Forever Therm Plus: стабилизатор (микрокристална целулоза), екстракт од лист на зелен чај (Camellia sinensis fol. extr.), екстракт од семе на гуарана (Guarana seed extr.) [кофеин, екстракт од гуарана], екстракт од зрна на кафе (Coffea Robusta), средства против стврднување (магнезиум карбонат, стеаринска киселина, силициум диоксид), стабилизатор (вкрстено поврзана целулозна гума), витамин C (l-аскорбинска киселина), средство за глазура [згуснувач (натриум карбокси метил целулоза), декстрин, декстроза, средноверижни триглицериди, регулатор на киселост (тринатриум цитрат)], екстракт од цвет на шафран (Crocus sativus), ниацин (никотинамид), пантотенска киселина (d-калциум пантотенат), витамин D (холекалциферол), рибофлавин, тиамин (тиамин хидрохлорид), витамин B12 (цианокобаламин).
Forever DuoPure: средство за зголемување (дикалциум фосфат), стабилизатор (микрокристална целулоза), холин (l-холин битартрат), средство против згрутчување (магнезиум оксид, стеаринска киселина, силициум диоксид), екстракт од калинка (Punica granatum L.), стабилизатор (вкрстено поврзана целулозна гума), средство за глазура [згуснувач (натриум карбоксиметилцелулоза), декстрин, декстроза, средноверижни триглицериди, регулатор на киселост (тринатриум цитрат)], алфа липоична киселина, витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид), витамин B12 (цианокобаламин), фолна киселина (птероилмоноглутаминска киселина), екстракт од корен на јапонска фалопија (Polygonum cuspidatum) (20% транс-ресвератрол).
Forever MultiFizz: регулатор на киселост (натриум бикарбонат, лимонска киселина, јаболкова киселина), аромат, боја (цвекло), витамин E (d-алфа токоферил ацетат), средноверижни триглицериди, згуснувач (микрокристална целулоза), витамин C (l-аскорбинска киселина), средство против стврднување (силициум диоксид, стеаринска киселина), засладувач (стевиол гликозиди), стабилизатор (вкрстено поврзана целулозна гума), биотин (d-биотин), пантотенска киселина (d-калциум пантотенат), витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид), рибофлавин, тиамин (тиамин хидрохлорид), витамин B12 (цианокобаламин), фолна киселина (птероилмоноглутаминска киселина).
Forever LemonBlast: пченкарни влакна, пченкарен декстрин, сок од лимон во прав (Citrus x limon), аромат, магнезиум (магнезиум карбонат), регулатор на киселост (јаболкова киселина, лимонска киселина), фруктоолигосахариди, куркума во прав (Curcuma longa), ѓумбир во прав (Zingiber officinale), средство против стврднување (силициум диоксид), лут црвен пипер во прав (Capsicum annuum L.), витамин C (l-аскорбинска киселина), засладувач (сукралоза, стевиол гликозиди).
Forever Sensatiable: Снегулки од овесни трици (Avena sativa), засладувач (сорбитол), мед во прав, аромат (ванила, лимон), средноверижни триглицериди, стабилизатор (микрокристална целулоза, вкрстено поврзана целулозна гума), хидролизиран протеин од квасец (Saccharomyces cerevisiae), згуснувач (гума гуар), средство против стврднување (стеаринска киселина, силициум диоксид), глукоманан. Алергените се означени со задебелени букви.
Forever Plant Protein: грашок (Pisum sativum L.) протеин изолат (59%), тиква (Cucurbita pepo L.) протеин во прав (26%), аромат (ванила), малтодекстрин, фруктоолигосахариди, средноверижни триглицериди во прав, згуснувач (гума гуар), аромат, средство против стврднување (магнезиум оксид), засладувач (стевиол гликозиди), сок од алое вера (Aloe Barbadensis) во прав. Алергени: може да содржи траги од житарки и сулфити.
Forever Aloe Vera Gel: стабилизиран гел од алое вера [гел од алое вера (99,7%), витамин С (аскорбинска киселина), антиоксидант (аскорбинска киселина), регулатор на киселоста (лимонска киселина)].
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Наутро: 3 табл. Forever Therm Plus сo 240 мл вода.
Пред ручек: 2 табл. Forever DuoPure сo 240 мл вода.
Во секое време на денот: земајте по 1-2 Forever Sensatiable таблети за џвакање, до 8 таблети кога сте гладни, со многу вода.
Рано попладне: растворете една мерна лажица Forever Plant Protein во 240 мл незасладено растително млеко или вода.
Доцна попладне: растворете една шумлива таблета Forever MultiFizz во 240 мл вода.
Навечер: растворете една мерна лажица Forever Plant Protein во 240 мл незасладено растително млеко или вода.
Пред спиење: растворете една ќесичка Forever LemonBlast во чаша млака или ладна вода.
Преземете го деталниот прирачник за програмата DX4
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Лесен за спроведување четиридневен план
- Протеин погоден за вегани и вегетаријанци
- Со холин кој придонесува за поддршка на нормалната функција на црниот дроб
- Потрудете с? да пиете најмалку по два литра вода дневно
|