www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 284
142 г
Цена: 407 ден.
Aloe Avocado Face & Body Soap
Алое и авокадо сапун за лице и тело
ОПИС И СВОЈСТВА
Чистата и здрава кожа е основата на природната убавина. Нема подобар начин да ја постигнеме од негата со природни состојки како чисто масло од авокадо и алое вера од полињата на Форевер. Усовршениот сапун ќе ве опкружи со чувство на пријатна свежина и чистота.
Авокадото е богато со хранливи материи и содржи корисни витамини и минерали, помеѓу кои витамините A, С и E. Содржи и калиум кој ги доставува корисните витамини брзо и рамномерно до најдлабоките слоеви на кожата, а изобилството од масти го прави богата основа за нашиот сапун кој ја омекнува и регенерира дури и сувата кожа.
Алое и авокадо сапунот содржи чисто алое вера за дополнителна нега и смирување на кожата, помагајќи ѝ да се чувствува хидрирана преку целиот ден. Нежно ја мие, измазнува и негува дури и чувствителната кожа. Доволно е нежен и за лицето, и за целото тело. Мирисот на свежо набрани цитруси ќе ве развесели наутро, а чувството за мека кожа ќе ве следи преку целиот ден.
Над 40 години Форевер бара состојки со највисок квалитет за да ви обезбеди производи кои ја спојуваат мудроста на науката и на природата, за да ве даруваат со помека, помазна и поубава кожа.
 
СОСТАВ
Натриум палмитат, натриум кокоат, вода, глицерин, мирис, стабилизиран гел од алое вера, масло од авокадо (Persea Gratissima), хидрогенизирано растително масло, натриум хлорид, пентанатриум пентетат, тетранатриум етидронат, титаниум диоксид (CI 77891), железо оксиди (CI 77499), жолт 10 (CI 47005), црвен 4 (CI 14700), зелен 3 (CI 42053)
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Користете го алое и авокадо сапунот за телото и лицето, темелно исплакнете и исушете ја кожата со крпа.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Богата текстура.
  • Состојки за чистење од природни извори.
  • Идеален за секој тип кожа.
  • Свеж мирис на цитруси.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org