www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 376
120 гел капсули
Цена: 1960 ден.
Forever Arctic Sea
Арктичко море
ОПИС И СВОЈСТВА

Новата патентирана формула е комбинација од масло од каламари кое е многу богато со ДХА, ултра чисто омега-3 рибино масло и маслиново масло.

Оваа уникатна комбинација се предлага единствено од Форевер Ливинг Продактс и не само што содржи 33% повеќе од најкорисната од омега-3 киселините - ДХА, туку и идеално го балансира соодносот на ДХА и ЕПА за оптимални резултати и дејство.

Балансот помеѓу омега-3 и омега-6 е исклучително важен
Кога станува збор за омега масните киселини, мнозина не знаат дека соодносот помеѓу нив е од решавачко значење. Балансираната исхрана во минатото придонесувала за здрав баланс помеѓу омега-3 и омега-6 киселините – од 1:1 до 1:4. За жал, во современата исхрана преовладуваат омега-6 масните киселини поради пржената храна, растителните масла, маргарините и модерните и удобни, но високо преработени и нездрави кулинарски производи. Малкумина внесуваат доволно риба и други извори на омега-3, што води до нездрав сооднос помеѓу двете групи кој достигнува до 1:30. Клучот за враќање на изгубениот баланс е консумирање на повеќе омега-3 масни киселини и ограничување на омега-6.

Усовршената формула на Forever Arctic Sea не само што го зголемува целосниот прием на омега-3, исто така обезбедува 33% повеќе ДХА за идеален баланс помеѓу неа и другата омега-3 киселина во производот – ЕПА. Докосахексаеноичната киселина (ДХА) е особено важна масна киселина за човечкото здравје, која природно ја има во целиот организам. Највисоки нејзини концентрации се во мозокот, очите и срцето. Исто како што калциумот е незаменлив за да имаме здрави коски, така и ДХА се грижи за клетките на мозокот, ретината, срцето и нервниот систем да се развиваат и правилно да функционираат во сите етапи од животот. Освен тоа, според истражувањата, внесувањето на ДХА е поврзано со намален ризик од влошување на умствените способности со напредување на возраста. Ниту една друга масна киселина не покажала слична врска.

 
СОСТАВ
Природно рибино масло, масло од каламари, маслиново масло, масло од лимон (природен аромат), масло од лимета (природен аромат), d-алфа токоферол.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По две гел капсули три пати дневно со храна.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Идеален сооднос помеѓу омега-3 масните киселини за оптимален ефект.
  • Пријатна и потполно природна цитрусова арома.
  • Производството не ја нарушува природната рамнотежа во океанот.
  • Чист извор на ЕПА и ДХА.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org