Алфа-Е фактор е еден од производите со најширока употреба, создаден на научна основа за оптимално смирување и нега на кожата. Ја хидратира кожата одвнатре, а истовремено ја прави мазна и со младешки изглед.
Течниот регенеративен антиоксидант за лице Алфа-Е фактор е лесна течност која ја смирува кожата, збогатена со витамини А, С и Е, масло од боражина и други одлични состојки за оптимална заштита од влијанието на околната средина. Всушност, тоа е антиоксидантна течност, создадена да се бори со последиците кои ги причинуваат слободните радикали (80% од штетата на нашата кожа е предизвикана од нив).
Разгледајте го списокот со активни состојки, уникатно комбинирани за вас во овој производ на Форевер Ливинг Продактс.
Витамин Е (токоферол ацетат)
„Витамин на кожата“, антиоксидант кој ја коригира штетата предизвикана од слободните радикали. Омекнува, хидратира и го разградува ткивото на лузните.
Витамин А (ретинил палмитат)
Друг моќен антиоксидант, кој ја подобрува еластичноста и истовремено хидратира и го намалува лупењето на кожата. Со своите природни антибиотски својства помага во борбата против акните и други иритации на кожата.
Витамин С (аскорбил палмитат)
Третата состојка во нашето трио од антиоксидантни витамини ја подобрува еластичноста. Исто така се бори против инфекциите и формирањето на лузни.
Лецитин
Одлично ја смирува кожата и ја подобрува нејзината еластичност.
Масло од боражина
Обезбедува гамалинолинска киселина (есенцијална масна киселина) која ја обновува влажноста и е моќна смирувачка состојка.
Бисаболол
Етерично масло со исто фармаколошко влијание како и многу лековити билки, на пример камилицата. Природна противвоспалителна состојка за смирување на кожата. Има лесна природна цитрусна арома. Погоден и за најчувствителната кожа.
Каприл/каприн триглицерид
Природно смирувачко соединение, извлечено од кокосово масло, кое хидратира без да остава непријатно чувство на груба маснотија, својствено за многу масла.
Масло од соја
Нежен хидратант со антиоксидантни својства кој го дополнува составот на крајниот производ.
Сите овие исклучителни природни состојки се комбинирани со најчистите и најдобри навлажнувачи (ја привлекуваат водата и ја задржуваат влагата внатре во кожата) и емулгатори (дозволуваат комбинирање на две течности, како на пример вода и масло).
Течниот регенеративен антиоксидант за лице Алфа-Е фактор е спакуван во мали стаклени шишенца со пипета. Нанесете неколку капки на лицето и вратот. Потоа втријте нежно со врвовите на прстите.