Код: 647
236 мл
Цена: 1684 ден.
|
Aloe Body Lotion
Алое лосион за тело
ОПИС
Aloe Body Lotion на Форевер е одличен секојдневен навлажнувач за мека, мазна, хидрирана и здрава кожа. Лесната формула брзо се апсорбира за да ги испорача корисните својства на чистото алое вера и останатите навлажнувачки состојки.
Комбиниравме висока концентрација на чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера со растителни масла и билки кои ќе ја негуваат вашата кожа. Алоето претставува идеална основа за нашата формула, бидејќи ја хидрира кожата и придонесува за нејзиниот здрав и младешки изглед. Аргановото масло содржи витамин Е и масни киселини кои помагаат за омекнување на кожата, а естерите од јојоба помагаат за нејзината подобра еластичност и затегнатост.
Додаденото масло од семе на макадамија го прави Aloe Body Lotion идеален избор за сува и зрела кожа, поради високата содржина на палмитолеинска киселина која придонесува за здравиот изглед на кожата. Но, оваа формула не е само за луѓе со сува или зрела кожа. Форевер го создаде овој производ без силикони за секој со нормална до сува кожа со додавање на состојки како натриум хиалуронат, кој формира заштитна бариера на кожата и така помага да се задржи влагата. Aloe Body Lotion ќе ви се допадне и со свежиот и лесен цветен мирис.
Кога ви треба секојдневен лосион за свиленкасто мека кожа без никакви маснотии, изберете го Aloe Body Lotion на Форевер.
СОСТАВ (INCI)
Aloe Barbadensis Leaf Juice (Stablized* Aloe Vera Gel), Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Propanediol, C13-16 Isoparaffin, Glyceryl Stearate, Heptyl Undecylenate, Hydrolyzed Jojoba Esters, Rosa Canina Fruit Oil, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil, Argania Spinosa Kernel Oil, Macadamia lntegrifolia Seed Oil, Arginine, Hydroxyacetophenone, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, PEG-100 Stearate, Caprylyl Glycol, Potassium Sorbate, Hexylene Glycol, Ethylhexylglycerin, lsosorbide Dicaprylate, Niacinamide, Sodium Hyaluronate, 1,2-Hexanediol, Disodium EDTA, Xanthan Gum, Citric Acid, Ascorbic Acid, Parfum, Benzyl Salicylate, Hexyl Cinnamal, Benzyl Benzoate, Limonene, Hydroxycitronellal, Linalool, Alpha-Isomethyl Ionone, Citronellol, Eugenol, Phenoxyethanol, Sodium Benzoate.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесете обилно и нежно масирајте додека лосионот целосно не се апсорбира во кожата.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Придонесува за хидратацијата на кожата и ја омекнува.
- Ја поддржува природната бариера на кожата.
- Поддржува здрав и младешки изглед на кожата.
- Брзо се апсорбира и дава чувство на свиленкаста мекост без маснотии.
|