Алое био-целулозната маска на Форевер обезбедува интензивна хидратација користејќи напредна технологија и природни состојки. Во основата на современата маска е био-целулозното влакно. Овој материјал лесно се вклопува во секоја контура на вашето лице, дозволувајќи ѝ на маската да навлезе длабоко во фините линии и брчки до кои традиционалните текстилни маски не успеваат да стигнат.
Алое био-целулозната маска обезбедува двофазно корисно дејство. Со посредство на уникатен процес за Форевер, специјална бактерија природно го ферментира гелот од алое вера од нашите сопствени плантажи и морска трева, за да ги слее во био-целулозна ткаенина, која ја смирува, омекнува и негува кожата. Ткаенината е напоена со серум, збогатен со зелен чај и див костен за подмладување на сувата кожа, помош во борбата против слободните радикали и со знаците на стареење, смирување и намалување на црвенилото. Ова се два неверојатни ефекти од една-единствена маска.
Нашата алое био-целулозна маска е лесна за употреба и не бара плакнење. Едноставно масирајте го преостанатиот серум на лицето и вратот. Благодарение на био-целулозата, серумот продира многу подлабоко отколку со традиционалните маски и затоа ќе ја чувствувате интензивната хидратација многу подолго по употребата.
Формулата е специјално разработена за сите типови кожа, дури и за чувствителната. За оптимални резултати употребувајте ја алое био-целулозната маска во комбинација со некои од популарните козметички серии на Форевер и во комбинација со други од продуктите за специјализирани резултати.
Aqua, Propanediol, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, 1,2-Hexanediol, Hydroxyacetophenone, Glycosyl Trehalose, Mannitol, Hydrogenated Ethylhexyl Olivate, Hydrogenated Starch Hydrolysate, Xanthan Gum, Hydrolyzed Sclerotium Gum, Polyglyceryl-6 Stearate, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Ammonium Glycyrrhizate, Limnanthes Alba Seed Oil, Hydrogenated Olive Oil Unsaponifiables, Sodium Hyaluronate, Potassium Sorbate, Polyglyceryl-6 Behenate, Caffeine, Citric Acid, Sodium Benzoate, Zinc Gluconate, Aesculus Hippocastanum Seed Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Phenoxyethanol, Ascorbic Acid.