Кога сакате да ја исчистите кожата длабински, изберете Forever Aloe Scrub. Со уникатната комбинација од стабилизирано алое вера и микросфери од чисто масло од јојоба, пилингот со алое е доволно нежен за секојдневна употреба и доволно силен длабински да ги исчисти деликатните пори на кожата. Во комбинација, овие две природни состојки ја чистат кожата, а истовремено не дозволуваат сушење и оштетување како што е случај кај синтетичките препарати за пилинг.
Forever Aloe Scrub се грижи за кожата. Како основа на неговиот состав е стабилизираниот алое вера гел со природни микросфери на јојоба, на што се должи пилинг ефектот. Овој производ е создаден за целата кожа, вклучувајќи го и лицето, за да ги отстрани мртвите клетки и непотребните материи, кои што ги затвораат порите и го расипуваат добриот изглед на кожата. Клетките на кожата се регенерираат на секој 21-28 дена. Со помош на нежното дејство на пилингот со алое кожата е навистина чиста, ризикот од затнување на порите е намален и новите клетки имаат можност да излезат на површина, што ја прави кожата свежа и сјајна.
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Нанесете врз мокро лице или тело и нежно масирајте ја кожата со мокрите врвови на прстите (при што внимателно ќе го избегнувате делот околу очите) со кружни движења во времетраење од две-три минути. Ако е неопходно, додадете уште вода. Обилно исплакнете и исушете со чиста и мека крпа.