Со над 98% гел од алое вера, овој производ ја освежува и смирува кожата од моментот кога ќе го допре лицето. Алоето е идеално за чувствителна кожа и неговите многу вредни компоненти како витамините A, C и E го прават алое активаторот одличен елемент од секој козметички режим.
Нашето висококвалитетно алое е комбинирано со алантоин за омекнување и измазнување на кожата. Алое активатор е одличен навлажнувач кој содржи ензими, аминокиселини и полисахариди. Благодарение на високата концентрација на алое, тој ја подобрува ефикасноста и дејството на останатите козметички производи на Форевер, кога се користи пред нив за подготвување на кожата или по нив, за да го одржи нивното корисно дејство. Овој чекор од вашиот секојдневен козметички режим може брзо да стане ваш омилен. Нанесувањето е многу пријатно, а неговото дејство ќе ви се допадне – вашата кожа ќе изгледа и ќе се чувствува подобро.
За чистење и освежување на лицето и вратот, натопете памучен диск и со нежни масажни движења поминете на претходно исчистената кожа.