УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Овој веб сајт е целосно бесплатeн за Вас!
Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ го поддржува овој веб-сајт со цел да ја подобри размената на информации со своите дистрибутери, како и да им ја олесни порачката на производи од канцеларијата на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ. Доколку ни бидат посочени грешки, ќе се потрудиме да ги отстраниме.
Ве молиме прочитајте jа внимателно оваа ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ.
Условите што следуваат се условите на договорот помеѓу вас и Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ. Со обезбедениот пристап, прелистување и/или користење на овој веб-сајт, вие автоматски потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле овие услови да бидат обврзувачки за Вас, како и дека ќе ги следите сите законски и други прописи кои се применуваат. Доколку не ги прифаќате овие услови, Ве молиме да не го користите овој веб-сајт.
Содржината на овој веб-сајт е под заштита на важечката легислатива за авторските права. Сите материјали се наменети само за Ваша лична информација. Нивната употреба надвор од оваа смисла, особено за бази на податоци, објавување, умножување, секоја форма на комерцијална употреба, како и реемитување на трети лица во целосна, делумна или преработена форма без знаење и согласност на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ е забрането и ќе биде санкционирано според законот.
На корисниците им се забранува да ја нарушуваат или да се обидат да ја нарушат безбедноста на веб сајтот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се само:
- да имаат пристап до податоци кои не се наменети за нив или да се вклучуваат во серверот без дозвола за пристап;
- да се обидуваат да ја истражуваат, скенираат или тестираат ранливоста на системот или мрежата или да прават пробив во системот или други активности без соодветна авторизација;
- да се обидуваат да се мешаат во услуги, наменети кон било кој клиент, група или мрежа, вклучувајќи без ограничувања, преоптоварување на сообраќајот, уривање на информациите;
- да вршат секаква активност, што наметнува неразумни или несразмерни оптоварувања на инфраструктурата на веб сајтот.
Нарушувањето на безбедноста, како и случаите кои можат да доведат до вакви нарушувања на системот или мрежата, може да завршат со поднесување на граѓанска или криминална одговорност.
Ве молиме, не им дозволувајте на другите да го користат Вашиот код за пристап.
Авторските права на текстовите и графичките елементи на овој веб-сајт и средината за дистрибутери, како и на нивниот графички распоред не може да се користат без писмена согласност од Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ.
Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ се обврзува да не ги шири материјалите кои се предмет на заштита од страна на законот за заштита на авторските права и сродните права (текстови, распоред, графички елементи и др.), без експлицитна согласност за тоа на сопственикот на овие права.
Одрекување од одговорност
Колку што е дозволено со важечкиот закон, Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ, како и неговите изведувачи, во никој случај нема да бидат одговорни за било какви директни, индиректни, специјални или консеквентни штети од користењето на овој веб-сајт, вклучувајќи, без ограничување, секаков изгубен приход, прекин на работата, губење на програми или други податоци на информатичкиот или друг систем, дури и ако експлицитно сме биле известени за можноста од појава на такви штети.
Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ не сноси одговорност ако при нарушување на работоспособноста на програмите или техничкото обезбедување на други оператори на интернет или на телекомуникациските врски во и / или надвор од земјата, корисникот не може да ги користи делумно или целосно можностите на веб сајтот.
Овој веб-сајт може да содржи други забелешки за сопственоста и информации за авторските права, кои треба да се почитуваат и задоволат. Информациите на овој веб-сајт може да содржат технички неточности или типографски грешки.
Информации за нарачки преку интернет
Користењето на оваа електронска продавница е достапно само за регистрирани дистрибутери, на база на потпишан Договор за дистрибутер со Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ. Дистрибутерите работат како независни делувачи од областа на трговијата на мало и не се вработени или претставници на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ. Испораката е можна само и единствено на регистрирани дистрибутери, кои не се корисници во смисла на ЗЗП (Закон за заштита на потрошувачите).
Регистрираните дистрибутери го користат својот дистрибутерски код за пристап до делот наменет за дистрибутери на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ. Ве молиме, не им дозволувајте на другите да го користат Вашиот код за пристап.
Сите производи на веб сајтот кои се примаат преку устата се додатоци во исхраната, не се лекарски средства, не се со лековита намена и во никој случај не треба да се користат како такви. Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ во никој случај не е одговорен за употреба на производите како лекови и не е одговорен за психички или физички штети, настанати по нивната употреба како такви. Пред употреба задолжително консултирајте се со лекар или специјалист во врска со начинот на употреба на производите.
Бремени жени, доилки и деца под 18 години задолжително да се консултираат со лекар или специјалист пред да ги употребуваат понудените производи. Ако земате лекови или страдате од некоја болест задолжително консултирајте се со лекар или специјалист пред употребата на достапните производи. Предложените додатоци во исхраната не се замена за балансирана исхрана. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза и ставајте ги на место недостапно за мали деца.
Испратената порачка се проверува и прима во канцеларијата на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ, копија од неа се испраќа на е-mail адресата наведена од дистрибутерот, во формата на порачката. Со цел да се обработи и испрати вашата порачка со вашите порачани производи и материјали во текот на денот, треба да ја добиеме порачката и потврдата за плаќање најдоцна до 16:00 часот. Порачките и/или плаќањата за нив добиени после 16:00 часот, ќе бидат обработени и испратени следниот работен ден. Информации за состојбата на порачката може да се добијат на телефоните на канцеларијата на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ.
Завршно формираната порачка може да се подигне од дистрибутерот лично или од него овластен претставник во канцеларијата на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ или да биде испратена преку службата за достава.
Во случај на испраќање на порачката преку службата за достава, содржината на целата порачка се проверува од службеник на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ, а при приемот на порачката истата се проверува од Ваш овластен претставник. Од моментот на добивање на производите од страна на достаувачот или овластениот претставник, Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ не превзема одговорност за било какви последици, посебни штети или загуби (вклучувајќи губење на приход, профит, пазари, репутација, користење на содржината или испуштената можност) или други индиректни штети кои произлегуваат од загуба, одлагање, неправилно чување, неправилна (погрешна) достава или недоставање на Вашата порачка и производи.
При несовпаѓање на платениот износ и податоците за плаќачот на износот во електронската форма на порачката со информациите добиени од банката, порачката нема да биде прифатена за обработка.
Промена на цените на стоките
Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ го задржува своето дискреционо право да ги менува цените објавени на веб сајтот во секое време, без претходно да ги извести корисниците. Дистрибутерот е должен да ја плати цената, која била актуелна при доставување на порачката. Во случај на прифатени технички грешки во објавувањето на веб сајтот, го задржуваме правото да го откажеме извршувањето на порачката без било какво обештетување на дистрибутерот, освен да му ги вратиме платените износи, ако има такви.
Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ вложува максимални напори да го одржува веб сајтот на високо ниво на квалитет, но не е одговорен за исходот од грешките и пропустите кои може да ги има во него, како и за можните загуби или испуштен приход кои се резултат на овие грешки. Вие не треба однапред да прифатите дека сајтот е "чист" од грешки, ниту пак дека секогаш ќе биде соодветен и ќе одговара на Вашата конкретна цел во моментот на неговата употреба.
Нашиот веб сајт нуди линкови до други интернет страници и документи, распоредени низ целата светска мрежа. Иако оправданоста за вклучувањето на нови хиперлинкови се контролира, Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ не може да врши никаква контрола врз самите интернет страници и надворешни информации. Затоа веб сајтот не гарантира во никој случај дека овие веб-сајтови и информации се точни, актуелни, содржински, сеопфатни и квалитетни, ниту пак дека ќе ги најдете потребните или однапред објавени информации на овие страници.
Вклучувањето на линкови до материјали од овој веб сајт на Ваша веб страница е дозволено само со согласност на Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ.
За контакти, дозволи и дополнителни информации, Ве молиме пишете на адреса: flp@t-home.mk
Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ го задржува правото да ги прекинува, дополнува и менува понудените услуги. Земајќи ги во предвид соодветните нормативни и правни барања, Форевер Ливинг Продуктс Македонија ДООЕЛ има право во секое време да ги ревидира овие услови, преку нивното обновување. Користејќи го овој веб-сајт и интернет вие се согласувате сите така направени промени да бидат обврзувачки за вас, така што сте должни периодично да ја посетувате оваа страница за да се запознаете со тековните услови на кои сте обврзани.
Во случај на спор применливо е правото на Репулика Македонија. Сите спорови во врска со овие услови или во врска со нивното кршење, вклучитено и спорови и несогласувања во врска со нивната валидност, толкувањето, раскинувањето, спроведувањето или неисполнувањето и сите прашања кои не се опфатени, се решаваат на територијата на Република Македонија.
|