www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
 
ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА (cookies)
 
Со користење на веб-страницата www.flp.bg, вие се согласувате дека користите колачиња во согласност со оваа Политика за користење на колачиња, како и со Условите за користење на страницата. При првата посета на насловната страница на веб-страницата ќе видите прозорец, кој ќе ве информира за тоа. Иако вообичаено прозорецот нема да се појавува при последователни посети, вие можете да ја откажете Вашата согласност да користите колачиња во секое време, следејќи ги упатствата подолу.

 
Што претставуваат колачињата (cookies)?

Колачето претставува мала датотека која се состои од текстуална информација која дадена веб- страница ја чува на хард дискот на Вашиот компјутер, како привремено додека трае посетата на веб-страницата, така и за подолги периоди, во зависност од видот на колачињата. Колачињата исполнуваат одредени функции (вклучително и да Ве разграничат од останатите корисници на истата веб - страница или да запаметат одредена информација поврзана со Вас, како на пример Вашите преференции) и се користат од повеќето веб - страници за да го олеснат Вашето пребарување.
Секое колаче содржи одредена информација во форма на текст (вредност) и е единствена за Вашиот веб прелистувач. Тоа е поврзано со името на доменот од каде доаѓа и има одредено време во кое ќе биде сочувано.

 
Видови колачиња

Колачиња за сесии
Ова се привремени колачиња кои остануваат во фајлот со колачињата на Вашиот веб прелистувач само за времетраењето на Вашата посета и се бришат кога ќе го затворите прелистувачот.

Постојани колачиња
Тие остануваат во датотеката со колачињата на Вашиот веб прелистувач и откако прелистувачот е затворен, во периодот кој е најавен и кој може да биде од неколку денови до неколку години. Постојаните колачиња се користат кога операторот на веб страницата треба да знае кој сте во повеќе од една сесија на прелистување, на пример за да ги запомни вашите преференци за персонализирање на веб страницата.

Колачиња на првата страна
Ова се колачиња поставени од веб - страницата која ја посетувате. Ова вклучува доделување на Вашиот единствен идентитет за следење на Вашето движење на веб - страницата. Операторите на веб - страниците често користат колачиња на првата страна за управување на сесијата и за цели на идентификација.

Колачиња на трети страни
Ова се колачиња користени од трети страни, на пример социјални мрежи, за да ги следат Вашите посети на различни сајтови на кои тие рекламираат. Тие се поставени од елементи од други сајтови вчитани на страницата. Операторот на веб - страницата нема контрола врз колачињата на трети страни.

 
Колачињата на оваа веб-страница и како да ги управуваме

Подолу се опишани колачињата кои ги користиме на некои од страниците на оваа веб – страница, како и нивното влијание врз функционалноста на страниците кои ги користат. Вие имате право да ја повлечете својата согласност за употреба на колачиња во секое време, така што ќе забраните нивно користење во вашиот веб прелистувач. Имајте предвид дека деактивирањето на одредено колаче или категорија нема да го избрише постоечкото колаче, така што тоа ќе треба да се направи одделно од Вашиот сопствен веб прелистувач. Погледнете ја опцијата „Помош“ на Вашиот интернет прелистувач за повеќе информација.
Повеќето страници на оваа веб-страница не поставуваат колачиња.

Колачиња за сесии
Сите страници на онлајн регистрацијата поставуваат колачиња за сесии за да ги идентификуваат вашите порачки. Можете да ги деактивирате овие колачиња така што ќе забраните користење на колачиња од Вашиот веб прелистувач, но нема да можете да ја извршите процедурата за регистрација.

Постојани колачиња
На почетната страна на веб - страницата се поставува постојано колаче под услов да сте се согласиле со користењето на колачиња. Можете да се откажете од употребата на ова колаче така што ќе забраните користење на колачиња од вашиот веб - прелистувач, но при секоја посета ќе видите прозорец кој ќе ве известува за употреба на колачиња од веб - страницата.

Колачиња на трети страни
Некои страници на веб-страницата содржат вградени елементи од веб – страници на трети страни, на пример страниците со вградено видео на vimeo или youtube, како и Facebook Page Plugin. Овие елементи поставуваат колачиња на трета страна, кои обично се постојани. Ние немаме контрола врз тие колачиња. Колачињата на трети страни можат да бидат блокирани преку поставките на Вашиот веб прелистувач и тоа нема да има влијание врз функционалноста на нашата веб-страница.
Повеќе информации во врска со политиките за приватност на третите страни може да се најдат на нивните сајтови, на пример Декларацијата за приватност на Facebook, Политиката за употреба на колачиња на vimeo и Политиката за приватност и услови на користење на Google.

© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org