Електронското нарачување е наменето само за регистрирани дистрибутери на Форевер Ливинг Продактс Макекедонија.
Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за користење пред да почнете со користењето на електронските нарачувања.
 
Страницата на електронската нарачка се состои од три области:
1. Селектор на група
2. Содржина на групата
3. Информации за вредноста на избраните производи и материјали.



 
1. СЕЛЕКТОР НА ГРУПА
Во оваа област се наведени групи, од кои можете да нарачувате производи. Изборот на група се остварува преку кликање со глувчето на името на групата. Последната (најдолната) група е секогаш "Нарачка" каде што има листа на веќе нарачаните производи, ги внесувате вашите податоци и ја праќате нарачката. Нема одреден редослед по кој треба да се движите од група во група, т.е. можете на пример да изберете производи од една група, да одите во друга, да се вратите во првата, да одите во "Нарачка", за да ја видите листата на избраните производи, потоа повторно да одите во некоја група производи, каде што можете да изберете нови производи и да ги менувате количините или да ги откажувате од веќе избраните. Групата, чија содржина е активна се прикажува инверзно (бел текст на жолта позадина - "Пијалоци"), а групите од кои сте нарачале производи се истакнуваат како што се означени "Пијалоци" и "Додатоци во исхраната" на сликата.



 
2. СОДРЖИНА НА ГРУПИТЕ
2.1. Групи на производи
Сите групи на производи содржат табели со колони "Код" - код на производот, "Име" - име на производот, "Б" - бонус поени за 1 бр., "Цена" - единечна цена, "Број" - количеството на производот што го порачувате, "Сума" - единечна цена помножена со нарачаниот број и "Сума Б" - бонус поени помножени со нарачаниот број.
Ако во производната група има производи, кои во моментот не се достапни, по нивното име во табелата се појавува "*" и под табелата се појавува порака дека означениот производ не е достапен.
Можете да ја пополнувате само колоната "Број", каде се дозволени само позитивни цели броеви. Пополнување на се што е различно од позитивен цел број (како и на бројот 0), доведува до автоматско бришење на полето во кое е внесено. Полето за внесување на количина се избира кога ќе се кликне со глувчето на соодветното поле. Со притискање на копчето "Tab" доаѓа до преминување на курсорот на долното поле (ако притиснете "Tab" на најдолното поле, фокусот ќе се пресели на елемент од пребарувачот).



 
2.2. "Нарачување"
На врвот на групата "Нарачување" има табела во која се наведени веќе избраните производи во редослед според кој се претставени во нарачката - последователно по групи и редослед во групата, како што се вклучени и трошоците за испорака (според избраниот начин на испорака ). Ако износот на избраните производи е помал од минималната сума дозволена за нарачување на производи, под табелата се појавува порака дека сумата е помала од минимално дозволената.
Ако во листата избрани производи, постојат такви кои во моментот не се достапни, по нивното име во табелата се појавува "*" и под табелата се појавува порака дека означените производи не се достапни.
Под табелата се наоѓаат полињата кои се пополнуваат од дистрибутерот. Полињата се задолжителни и незадолжителни, незадолжителните се со различна позадина. За сите полиња се валидни одредени групи на симболи кои можат да се внесат. Ако внесете недозволен симбол во кое и да е поле, по преминување на друго поле или притискање на копчето "испрати" ќе се појави порака дека невалидните симболи се отстранети и содржината на полето соодветно ќе се промени и обои црвено.



"Дистрибутерскиот број" - се пополнува задолжително
Во полето треба да го пополните дистрибутерскиот број. Се прифаќаат само броеви, празно место и цртичка. Можете да го внесете без празни места и цртички, за појасно по воведувањето се претвора во вид XXX XXX-XXX-XXX (X -се бројки).

"Име и презиме" - се пополнува задолжително
Во полето треба да го пополните своето име и презиме. Се прифаќаат само букви на кирилица и латиница, празно место и цртичка.

"Име и презиме на примачот на пратката" - се пополнува задолжително
Во полето треба да го пополните името и презимето на примачот на пратката. Се прифаќаат само букви на кирилица и латиница, празно место и цртичка.

"Град / Село" - се пополнува задолжително
Во полето треба да го пополните населеното место, каде што ќе ја добиете пратката. Се прифаќаат само букви на кирилица и латиница, празно место и цртичка. Ако населеното место е Скопје, обележете го полето за избор (check box-от) со Скопје.

"Прецизна адреса за испорака" - се пополнува задолжително
Во полето треба да ја пополните точната адреса на која ќе ја добиете пратката. Се прифаќаат само букви на кирилица и латиница, цифри, празно место и цртичка. Ако испораката е до барање, обележете го полето за избор (check box-от) со "до барање". Ако добивате пратката "до барање" во град во кој компанија за испорака "Спиди" има повеќе од една канцеларија, во полето "Дополнителни забелешки кон порачката:" наведете од која канцеларија сакате да ја добиете нарачката.
Комбинацијата "Скопје" - "До барање" му овозможува на лицето наведено како примач на пратката, да ги подигне нарачаните производи од канцеларијата на ФЛП.

"Мобилен телефон" - се пополнува задолжително
Внесете го вашиот мобилен телефон. Се прифаќаат само броеви, празно место и знакот "+".

"Дополнителен телефон" - незадолжително
Можете да наведете дополнителен телефон за контакт. Се прифаќаат само броеви, интервал и знакот '+'.

"E-mail" - незадолжително
Можете да го внесете вашиот e-mail во видот "mailbox@mailservice.com". Ако имате внесено валидна e-mail адреса, системот ќе се обиде да ви испрати копија од барањето на него.

"Дополнителни информации за доставувачот" - незадолжително
Дополнителни информации кои ќе бидат пренесени на доставувачот. Се прифаќаат само букви на кирилица и латиница, цифри, празно место, алинеја, '+', '', '?', '.' и ','.

"Дополнителни забелешки кон порачката" - незадолжително
Можете да внесете дополнителни забелешки кон порачката, ако имате такви. Се прифаќаат само букви на кирилица и латиница, цифри, празно место, алинеја, '+', '', '?', '.' и ','.

"Начин на плаќање" - задолжително
Избирање начин на плаќање - преку банка или со откупнина.

"Банка" - задолжително ако е избран начин на плаќање преку банка
Одберете ја сметката на која ќе ја означите сумата што ја должите. Плаќањето треба да биде извршено на избраната сметка.

"Начин на испорака" - задолжително, откако ќе се наведе населеното место и адреса
Изберете начин на испорака (ако порачаните производи нема да се подигнат од канцеларијата на ФЛП). По неговиот избор, во табелата со порачаните производи автоматски ќе се додаде позиција за одбраниот начин на испорака.

"Запомни ми ги податоците во овој пребарувач" - незадолжителни
Обележувањето на ова поле ќе ги зачува сите воведени и модифицирани податоци во вашиот пребарувач, при секое наредно посетување на страницата во рамките на 1 година од последната промена, овие податоци ќе бидат пополнувани автоматски. За да биде можно тоа, потребно е вашиот пребарувач да може да складира "колачиња" (cookies) од сајтот 'www.flp.bg'. Употребата на други методи и/или средства за автоматско пополнување на формулари НЕМА ДА ДОВЕДЕ ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА СИТЕ ПОДАТОЦИ.

"Испрати"
Притиснувањето на копчето "Испрати" значи дека сте завршиле со изборот на производи и сте ги внеле сите задолжителни податоци. Ако износот на објавените производи е поголем или еднаков на минималниот и се внесени правилно сите задолжителни податоци, ќе се појави порака за потврда на барањето со наведена вкупна вредност. Ова е последна можност да се вратите и да ја измените нарачката или да се откажете од неа:



По притискање на копчето "OK", Вашето барање се испраќа и обработува, така што при нормална обработка добивате страница која содржи испратена нарачка со број и датум под кој е заведена. Оваа страница може да се испечати или да го зачувате бројот и датумот за следни прегледи. Ако од избраните производи има такви за кои е забележано дека нема достапност во моментов, тие ќе се наведени во овој список со "*" после името на производот и под табелат ќе се прикаже порака. Ако сте одбрале начин на плаќање преку банка, имате наведено број на жиро сметка во Стопанска Банка.



 
3. ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРЕДНОСТА НА ОДБРАНИТЕ ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ
Информацијата за вредноста на избраните производи и материјали се менува после секоја промена во секоја од групите на нарачаните произоди и покажува три групи вредности:
"Производи" со полињата "Износ Б" и "Износ Ден" го покажува моменталната износ на бонус поените и тековниот износ во денари на избраните производи.
"Други" со единствено поле "Износ Ден" го покажува моменталниот износ на сите порачани предмети кои не носат бонус поени - помошни материјали, примероци, испорака и др.
"Вкупно" со единствено поле "Износ Ден" ја покажува моменталната вкупна вредност на нарачката.
Броеви со боја, различна од текстот, покажуваат дека не се исполнети соодветните услови за минимална вредност и нарачката не може да биде пратена: