www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 351
355 мл
Цена: €21.00
Sonya® Volume Shampoo
Шампон за волумен „Соња”
ОПИС И СВОЈСТВА
Кога косата ви е сплесната и нема виталност, користете го шампонот за волумен „Соња” од Форевер Ливинг Продактс. Ексклузивната формула и дава одличен волумен и сјај на косата, а истовремено ја прави лесна за стилизирање.
Две од клучните состојки – алое вера и матичниот млеч, ќе ја направат косата побујна и побогата. Шампонот за волумен „Соња” ја заздравува косата и можете слободно да го користите ако сте ја бојадисале, бидејќи нема да влијае на нејзината боја.
Алоето допринесува за овлажнување на косата и за воспоставување баланс на рН на скалпот. Матичниот млеч ја хидратира, потхранува кожата на главата и ја елиминира сувоста. Тој содржи и антиоксиданси, кои ги неутрализираат слободните радикали во косата и допринесуваат за обновување на оштетената коса.
Други потхранувачки состојки на хидрантниот шампон „Соња” се:
  • PEG-10 сончогледови глицериди – извлечени од сончогледово масло, ја прават косата сјајна и допринесуваат за образување на богата пена за темелно чистење;
  • хидролизирани пченични протеини – ја привлекуваат и задржуваат влагата, даваат обем и сјај, го олеснуваат расчешлувањето и ја прават глатка косата која е оштетена од хемиски третмани.
Помеѓу сите овие корисни состојки, не остана никакво место за штетните парабени, пропилен гликол, натриев лаурет и лаурил сулфат (SLS и SLES) и затоа формулата не ги содржи.
 
СОСТАВ
Сок од листот на Алое Барбаденсис (стабилизиран гел од алое вера), вода, натриев C14-16 олефин сулфонат, лаурамидопропил бетаин, пропанедиол, диметикон, коко-глукозид, глицерил олеат, матичен млеч во прав, масло од семе на јојоба (Simmondsia Chinensis), хидролизиран пченичен протеин, гуар хидроксипропилтримониев хлорид, поликвартениум-74, лаурет-7, PEG-80 сорбитан лаурат, натриев тридецет сулфат, кокамидопропил хидроксисултаин, PEG-150 дистеарат, натриев лауроамфоацетат, натриев лаурет-13 карбоксилат, PEG-10 сончогледови глицериди, пантенол, гликол стеарат, натриев хлорид, феноксиетанол, метилизотиазолинон, лимонска киселина, мирис.
 
УПОТРЕБА
Нанесете на мокра коса и масирајте за да образувате богата пена. Исплакнете ја косата темелно. Повторете ја процедурата, а ако е потребно продолжете со балсамот за обем „Соња”. За оптимални резултати користете го наизменично со хидрантниот шампон и балсам „Соња”. Избегнувајте контакт со очите. Во случај на контакт со очите, темелно исплакнете со вода.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Не влијае на бојата кај бојадисана коса.
  • Ја згуснува и зајакнува косата.
  • Измива одлично со истовремено додавање волумен и сјај.
  • Ја потхранува кожата на главата.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org