www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 282
Цена: €161.55
Sonya Skin Care Collection
Комплет за нега на кожа „Соња“
ОПИС И СВОЈСТВА
„Соња“ не значи само убавина туку и израз на подмладување, воздишки и љубов. Помеѓу состојките на производите во нашата колекција се алое вера, овошни екстракти, бел чај и извонредни овлажнувачки агенти кои ја регенерираат кожата. Тие й помагаат да ја врати виталноста и ја хидратираат на еден неповторлив начин.
Комплетот „Соња“ содржи пет основни елементи за чистење, хидратација и одржување на целокупното здравје и надворешниот изглед на кожата. Млекото за лице со алое, освежувачкиот тоник со бел чај, серумот со алое и бел чај, балансирачкиот крем и алое ексфолиантот за длабоко чистење заедно се грижат за свежиот и сјаен изглед на вашата кожа. Дозволете си го овој третман во пет чекори и обезбедете й го заслужениот луксуз на вашата кожа!
 
УПАТСТВО
  • Исчистете го лицето два пати дневно со млекото со алое.
  • Тонизирајте го и освежете два пати дневно со тоникот со алое.
  • Нанесете потхранувачки серум два пати дневно.
  • Два пати дневно нанесувајте од балансирачкиот крем со алое.
  • Исчистете го два пати седмично со ексфолиантот за длабоко чистење.
 
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ КОМПЛЕТОТ ЗА НЕГА НА КОЖА „Соња“

Sonya® Aloe Purifying Cleanser / Млеко за чистење лице со алое
Забележителен производ за чистење лице со алое и овошни екстракти, нежно ја отстранува шминката и нечистотиите без прекумерно да ја исуши кожата. Лицето ќе ви биде восхитувачки меко, свежо и чисто.
Секое утро и вечер започнете го чистењето на лицето со млекото со алое.
Чекор 1:
Нанесете мала количина од млекото на врвовите на прстите и протријте ги прстите од двете раце.
Чекор 2:
Со масажни движења втријте го млекото во кожата на лицето и вратот.
Чекор 3:
Отстранете го млекото со памук или памучен диск и внимателно исплакнете го лицето и вратот со топла вода.

Sonya® Aloe Refreshing Toner with White Tea / Освежувачки тоник со алое и бел чај
Освежувачки тоник кој не содржи алкохол, туку корисни состојки како што се алое и бел чај. Тој й ја обезбедува виталната влага на кожата и ја одржува добро хидратирана. Користете го наутро и вечер по чистењето со млеко.
Чекор 1:
Натопете памук или памучен диск со тоник.
Чекор 2:
Нанесете на лицето и вратот.
Чекор 3:
Почекајте неколку минути пред да нанесете од потхранувачкиот серум со алое.

Sonya® Aloe Nourishing Serum with White Tea / Потхранувачки серум со алое и бел чај
Волшебен серум со бел чај, кој ја чува влагата и дополнително ја хидратира кожата, за да i помогне во одржување на младешкиот изглед.
Користете го наутро и вечер по освежувачкиот тоник.
Чекор 1:
Нанесете на врвовите на прстите количина од приближно три испумпувања.
Чекор 2:
Протријте ги прстите од двете раце.
Чекор 3:
Нанесете на лицето и вратот.

Sonya® Aloe Balancing Cream / Балансирачки крем со алое
Содржи алое плус регенеративни екстракти и современи овлажнувачки состојки, кои го одржуваат оптималниот баланс на влажност за нежна и сјајна кожа.
Користете го наутро и вечер по употребата на потхранувачкиот серум со алое.
Чекор 1:
Извадете го пластичното лажиче и заштитното капаче на кремот.
Чекор 2:
Со лажичето извадете мала количина на крем и ставете ја врз заштитно капаче.
Чекор 3:
Со врвовите на прстите нанесете крем од капачето на лицето и вратот. Втријте со масажни движења.

Sonya® Aloe Deep Cleansing Exfoliator / Алое ексфолиант за длабокото чистење
Секогаш кога ќе почувствувате дека вашата кожа има потреба од дополнително ексфолирање, а тоа да го направите без дополнително дразнење кое повеќето слични производи го причинуваат, можете да сметате на ексфолиантот за длабоко чистење со алое и природни микросфери од јојоба.
Користете го приближно два пати седмично по користењето на млекото за чистење со алое од комплетот „Соња.“
Чекор 1:
Навлажнете го лицето со вода и нанесете од ексфолиантот на врвовите од вашите прсти.
Чекор 2:
Нежно масирајте го лицето и вратот во продолжение од 2-3 минути, при што внимателно ќе го одбегнувате пределот околу очите.
Чекор 3:
Исплакнете со топла вода и подсушете со мека и чиста крпа.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Комплетот за нега на кожата „Соња“ содржи:
Aloe Purifying Cleanser Млеко за лице со алое (код: 277)
Aloe Refreshing Toner Освежувачки тоник со алое и бел чај (код: 279)
Aloe Nourishing Serum Потхранувачки серум со алое и бел чај (код:281)
Aloe Balancing Cream Балансирачки крем со алое (код: 280)
Aloe Deep-Cleansing Exfoliator Алое ексфолиант за длабоко чистење (278)
Производите се достапни и поединечно
 


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org