www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 036
60 таблети
Цена: 2174 ден.
Forever Royal Jelly
Матичен Млеч
ОПИС И СВОЈСТВА
Матичниот млеч се лачи од фаринксовите жлезди на пчелата. Таа „супер храна” на пчелите се меша со ензими и се дава на оние кои ќе станат матици. Пчелата-мајка се храни претежно со него низ целиот свој високо продуктивен живот и благодарение на тоа снесува до 3000 јајца на ден во текот на следните 6 години. Пчелите-работнички кои јадат обичен мед живеат само четири-шест седмици.
Матичниот млеч е извонредна храна која дарува здравје. Содржи витамини А, C, D и Е, како и богата природна содржина на витамините од B комплексот. Основната состојка е витаминот Б5 (пантотенска киселина), кој е особено важен за човечкиот организам и придонесува за нормално одвивање на метаболизмот и производство на енергија. Исто така придонесува за синтезата и метаболизмот на некои хормони и витаминот D. Неговиот недостиг може да предизвика замор, главоболка, горни респираторни инфекции, чувствителност на инсулин, несоница, гадење и нервни растројства. Матичниот млеч ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини, плус десет второстепени аминокиселини, значителни количини на минералите калциум, бакар, железо, фосфор, калиум, силициум и сулфур, како и нуклеинска киселина.
Матичниот млеч ја подобрува размената на материи, што ја објаснува зголемената енергија и брзото опоравување од замор при неговата употреба. Помага во регенерирањето на клетките, делува благопријатно врз кожата и ја зајакнува отпорноста на организмот. Матичниот млеч е погоден за намалување на предменструалната напнатост. Докажано е дека го намалува нивото на холестеролот.
Форевер Ливинг Продактс користи матичен млеч собран од чисти високо планински области, оддалечени од цивилизацијата.
Матичниот млеч го поддржува имунитетот, ја зголемува енергијата и придонесува за добриот изглед на кожата и косата.
 
СОСТАВ
Матичен млеч во прав - 250 мг, сорбитол, фруктоза, лимонска киселина, природна арома на портокал, стеаринска киселина, магнезиум стеарат и силициум диоксид.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По една таблета два пати на ден.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Дава енергија и го поддржува имунитетот.
  • Лесно се апсорбира од организмот.
  • Без конзерванси и вештачки бои и аромати.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org