www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 338
118 мл
Цена: 821 ден.
Rehydrating Toner
Хидратантен тоник за лице
ОПИС
Хидратантниот тоник е формула која не ја суши кожата и не содржи алкохол. Основни состојки се природно алое и северно-американскиот хамамелис (Hamamelis Virginiana), како и специјални навлажнувачи и билни екстракти за тонизирање. Содржи и колаген и алантоин за смирување на клетките.
Хидратантниот тоник е наменет за отстранување на последните траги од лосионот за чистење, на нечистотиите и мртвите клетки од површината на кожата, со што обезбедува добра хигиена, тонизира и ги стега порите. Ги отстранува остатоците од нечистотија и маснотии при што истовремено ја збогатува кожата, а таа станува чиста, мазна и свежа. Ја стимулира циркулацијата и ја подобрува хидратацијата додека нежно ја чисти кожата.
 
СОСТАВ
Гел од Алое Барабаденсис (Стабилизиран гел од Алое Вера), дестилирана вода, дестилат (неалкохолен), Hamamelis Virginiana, пропилен гликол, растворлив колаген, хидролизиран еластин, екстракт од лимон, екстракт од краставица, екстракт од пршлика, екстракт од камилица, екстракт од гавез, екстракт од рузмарин, натриум РСА, натриум лактат, алантоин, динатриум-карбамид, метилпарабен, ментол, мирис.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Натопете памучен диск со тоникот и нанесете со лесни движења нагоре и кон надвор, при што ќе внимавате да не ви дојде во допир со очите. Продолжете додека памучниот диск не остане чист. Ќе ја почувствувате вашата кожа беспрекорно чиста и смирена, а порите затегнати.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Ја тонизира и овлажнува кожата.
  • Без алкохол.
  • Содржи алое вера, хамамелис, билни екстракти и колаген.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org