www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код:
465 – чоколадо
466 – цимет
45 г
Цена: €3.60
Forever PRO X2
Форевер ПРО Х2
ОПИС И СВОЈСТВА
Според стручњаците, доволниот прием на протеини има важна улога во секоја здрава програма за слабеење, кога се комбинира со разумна исхрана и редовно движење. Секое Forever PRO X2 блокче содржи патентирана комбинација од соја протеин изолат и сурутка протеин изолат и концентрат, плус два грама влакна, за да ви помогне да ги затегнете и развиете мускулите, како и да го контролирате апетитот и тежината.
Протеините ви помагаат да се чувствувате посити и така ви го контролираат апетитот, за да не претерувате со количината на храна и да не посегнувате по високо калорични јаглехидратни десерти. Освен тоа, чистата мускулна маса е метаболно поактивна од масните наслаги и затоа е добро да се стимулира со задоволително внесување на протеини. Тоа го поддржува метаболизмот и придонесува за ефективна контрола на тежината.
Протеините освен што го намалуваат апетитот, тие се потребни и за формирање на мускулното ткиво, особено при зголемен интензитет на физичката активност. Можно е да се појави загриженост дека комбинирањето на диета со сериозни тренинзи може да доведе до загуба на мускулната маса. Но, бидејќи протеините се градбените елементи на мускулите, ако ги обезбедите во доволни количини, можете да бидете сигурни дека тоа нема да се случи додека спроведувате здрав режим за слабеење. Квалитетните протеини придонесуваат за изградба и одржување на чисто мускулно ткиво, за побрзо закрепнување по спорт и поефикасно затегнување на мускулите после вежбите. Освен тоа, зголеменото внесување на протеини во комбинација со вежби, може да им помогне на мускулните ткива при напредувањето на возраста.
Сојата и сурутката се извори на високо квалитетни протеини, чии корисни својства за формирање и одржување на мускулите се детално испитани. Forever PRO X2 ви обезбедува дополнителни протеини за поддршка на здравиот режим за слабеење, или едноставно како вкусна ужина кога сте во движење. Производот содржи 15 г високо квалитетни протеини во удобен и многу вкусен десерт. Не содржи глутен и ви го нудиме во два прекрасни вкуса – цимет и чоколадо. Удобен и пријатен начин да го зголемите внесувањето на протеини секој ден!
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Консумирајте Forever PRO X2 помеѓу оброците за да го контролирате апетитот и гладот за слатко. Користете го и како дополнителен извор на протеини пред или по тренинзи. PRO X2 е одличен за утрински десерт, а чоколадниот е вкусен и здрав протеински оброк подоцна во текот на денот.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • 15 г протеини во секој десерт
  • 2 г влакна
  • Два вкуса – цимет и чоколадо
  • Без глутен


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org