www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 215
60 таблети
Цена: €25.15
Forever Multi-Maca
Додаток во исхраната со мака
ОПИС И СВОЈСТВА
Forever Multi-Maca го вклучува легендарниот перуански корен Мака со други корисни билки и внимателно одбрани состојки, за да ви понуди еден од најдобрите додатоци во исхраната.
Маката, исто така позната и како Lepidium Meyenii, е едногодишно растение кое се одгледува во Перу. Коренот, кој се јаде и личи на репа, претставува основна храна за локалното население.
Во Перу овој корен е високо ценет повеќе од 2000 години. Легендите раскажуваат дека војниците на Инките јаделе мака пред да отидат во битка, за да имаат повеќе сила и издржливост. Шпанците ја нарекувале “секс билка на Инките”. Денес маката е позната како перуански жен-шен. Според современите испитувања маката може да има благопријатно дејство врз либидото, сексуалната потентност и енергија. Јужно-америкаците со илјадници години исто така користат мака за да се заштитат од умор, да се поиздржливи и да го намалат стресот. Перуанките почнуваат да ја користат маката на три годишна возраст, со што стануваат здрави, плодни, продуктивни и издржливи до зрели години.
Хранливата вредност на исушениот корен од мака е висока и содржи состојки слични на оние во зрнестите култури, како оризот и пченицата. Во составот влегуваат 60% јаглехидрати, 10% протеини, 8,5% растителни влакна и 2,2% липиди. Легендарното дејство на маката врз сексуалната потентност веројатно се должи на високата концентрираност на протеини и други хранливи материи кои се од витално значење. Голем дел од протеинската содржина на перуанскиот корен е во форма на аминокиселини кои се неопходни за многу функции во човечкиот организам, во кои спаѓаат и сексуалните функции и плодноста. Тие исто така се неопходни за извршување на главната улога во процесот на сексуалната возбуда и физичката издржливост за време на интимниот однос. Основните аминокиселини кои спаѓаат во составот на тие соединенија се фенилаланин, тирозон и хистидин. И трите се наоѓаат во значително количество во составот на маката. Таа исто така содржи уште една аминокиселина-аргинин, за која се смета дека игра улога во одржувањето на машката плодност и виталност.
Forever Multi-Maca го комбинира легендарниот перуански корен со други билки и внаметелно одбрани состојки со силно дејство како, Tribulus terrestris, муира пуама, катуаба, L-Аргинин, Serenoa repens и Pygeum africanum и конезим-Q 10.
Tribulus terrestris е билка која расте во Австралија, Азија, Африка и Америка. Многу култури традиционално ја употребуваат како општо тонизирачко средство кое дава енергија или како лек за импотентност. Муира пуама, катуаба и Serenoa repens се билки кои традиционалната медицина од одамна ги познава како афродизијак.
L-Аргининот е основна аминокиселина, која се среќава во природата и учествува во многу важни биохемиски реакции на телото. Таа го зголемува дотокот на крв во долниот дел на телото и затоа често се препорачува од алтернативните лекари како додаток кој ги одржува сексуалните функции. Pygeum africanum е големо, секогаш зелено дрво, кое расте во Азија и Јужна Африка. Истриената кора на тоа дрво се користи многу години во Африка за одржување на активноста на бубрезите и простатата. Антиоксидантот коензимот-Q 10 е присутен во секоја жива клетка и незаменлив во снабдувањето на организмот со доволно енергија за да ги извршува телесните функции. Тој има својства слични на антиоксидантот витаминот Е, ја зголемува енергијата и ја одржува циркулацијата и имунолошката активност.
Комбинацијата од сите тие состојки создава уникатен и ефикасен додаток во исхраната за зголемување на либидото, енергијата и издржливоста.
 
СОСТАВ
Мака Lepidium Meyenii (корен),Tribulus terrestris (овошје), муира пуама Ptuchopetalum Olacoides (кора), катуаба Erythroxylum catuaba (кора), L-Аргинин, Serenoa repens (овошје), Pygeum africanum (кора), Коензим-Q 10, екстракт од соја, микрокристална целулоза, калциум нитрат, стеаринска киселина, кроскарамелозен натриум, гуар, магнезиум стеарат, силициум диоксид, декстрин, декстроза, лецитин, натриум карбоксиметилова целулоза, натриум цитрат.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Две таблети дневно со вода.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Ги зголемува либидито, издржливоста и енергијата.
  • Маката е позната како “сексуална билка на инките”.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org