www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 307
946 мл
Цена: 1743 ден.
Forever Aloe MPD 2X Ultra
Мултифункционален препарат
ОПИС И СВОЈСТВА
Секој ден купуваме најразлични препарати за чистење со разни намени. Нема ли да биде попријатно да користиме еден мултифункционален препарат за перење, за миење на садови, за подот, па дури и за бањата?
Forever Aloe MPD ви го овозможува токму тоа - високо ефикасен и мошне економичен препарат за чистење.
Тој е идеален за перење (на сите видови алишта), одличен препарат за чистење во домаќинството, за подови, бањи, плочки и килими, како и за рачно миење на садови. Оваа безопасна, концентрирана, густа течност одлично ја отстранува нечистотијата, чисти маснотии и секакви други дамки, без да ги оштети површините. Со својата широка примена алое препаратот на Форевер заменува многу производи на пазарот со слична намена и заштедува значителни средства на потрошувачите.
Освен тоа, не штети на околната средина. За разлика од други препарати за чистење, анјонските и нејонските површински активни материи кај него се биоразградливи. Тоа значи дека се разградуваат по пат на природни процеси и на тој начин ги намалуваат еколошките проблеми во водните басени. Мултифункционалниот препарат на Форевер содржи алое кое ја смирува кожата на рацете и ги омекнува вашите алишта.
 
СОСТАВ
Воден раствор кој содржи површински активни агенси (вода, етоксилирани линеарни алкохоли, бензенсулфонска киселина, C10-16-алкилни деривати, натриумови соли, натриум ксилен сулфонат и натриум сулфат), алое вера, мирис, метилизотиазолинон и обојувач.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
За перење: користете 15 мл при нормално полнење на машината за облека. За отстранување на дамки, нанесете мала количина од препаратот директно на местото, додадете вода и накиснете ја облеката пред перење. Секогаш тестирајте го внатрешниот шев за стабилност на бојата.
Мултифункционално чистење: разредете околу 30 мл од препаратот во 3.78 литри вода за чистење на апарати во домаќинството, подови, бањи, плочки, килими и автомобили (внатрешно и надворешно).
За општо чистење: нежен за рацете, само неколку капки на сунѓер или крпа идеално ги мијат садовите, чистат дамки на килими и друго. (Не се препорачува за употреба во машина за миење садови).
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Мултифункционален концентриран препарат за чистење.
  • Не содржи фосфор.
  • Еколошки состојки - анјонските и нејонските површински активни материи се биоразградливи.
  • Нежна формула за рацете и облеката.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org