www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 73
60 таблети
Цена: €29.93
Forever Ginkgo Plus
Додаток во исхраната со гинко билоба и кинески билки
OПИС И СВОЈСТВА
Forever Ginkgo Plus претставува уникатна синергиска мешавина од четири кинески растенија кои се познати од длабока древност. Како основна состојка е екстрактот од листовите на гинко билоба во комбинација со ганодерма од печурката рејши, плодови од шисандра и на сонце сушена фо-ти-кинеска билка, и секоја од нив се има здобиено со голема почит во ботаниката.
Во денешно време има доволно информации за гинкото, вклучувајќи ги и од неодамна потврдените искази дека ја стимулира и зголемува желбата за интимен однос! Таа е една од најпознатите лековити билки во Европа и Северна Америка. Ако пак погледнеме од историска гледна точка ќе забележиме дека тоа е едно од најдревните растенија, кое има непрекината примена во медицината. Најновата популарност се должи на лековитото дејство врз нервниот систем и неговата способност да помага во функциите кои се поврзани со мозокот кај луѓе кои преживеале траума. Секој има потреба од малку “храна за мозокот”, а понекогаш и во ваква форма Forever Ginkgo Plus претставува идеална “ужина”!
Се смета дека гинкото е најстарото дрво кое датира од пред стотици илјади години. Оттука доаѓа името по кое е познато како “дрво-фосил”. Тоа живее долг период, најчесто повеќе од 1000 г., на што се должи неговата приспособливост кон околната средина. Исклучително отпорно е на напади од инсекти и габи. Дрвото гинко расте во некои делови од САД и Кина. Во Азија ова растение се користи како лековита билка повеќе од пет илјади години.
Најчесто користен материјал од ова растение е стандардизираниот екстракт од неговите листови. За да се постигне најдобар ефект, препаратите подготвени од листот мора да содржат најмалку 24% флавон-гликозиди и 6% терпен-лактони.
Флавоноидите ги штитат капиларите бидејќи го регулираат нивниот тонус и еластичност, а воедно дејствуваат како силни антиоксиданти и имаат против-воспалително дејство. Терпен-лактоните го намалуваат натрупувањето на крвни плочки, со што се спречува засирување на крвта во крвните садови. Исто така, можат да го спречат стеснувањето на бронхиите и нивната необична осетливост, со што се намалува тенденцијата за појава на астма и спазми на крвните садови.
Овие две состојки во комбинација помагаат при зголемување на протокот на крв кон малите крвни садови на мозокот и нивните завршетоци. Значително се подобрува циркулацијата во мозокот и експериментите со гинко даваат позитивни резултати во случаи на слаба концентрација и Алцхајмерова болест, бидејќи кај нив се подбрува помнењето, расопложението и концентрацијата. Тие лековити својства се основната причина растението гинко да се поврзува со опоравувањето на оние кои доживеале мозочен удар. Гинко има корисно дејство не само кај луѓето кои имаат проблеми со мозокот, туку според испитувањата кај здравите луѓе ја зголемува концентрацијата, помнењето и интелектуалната активност. Лошата циркулација во рацете и нозете може да доведе до развој на болеста Рејно, затоа гинкото го привлекува вниманието и кај луѓето кои боледуваат од таа болест.
Останатите корисни својства на гинкото се: ги подобрува симптомите кај состојби кои на прв поглед во основа се различни, како што се астмата (поради отсуство на влијанието на бронхијалните мускули) и шум во ушите.
Другите активни состојки на Forever Ginkgo Plus се помалку познати, но сепак заслужуваат внимание.
Ганодермата од печурката рејши се користи во традиционалната кинеска медицина повеќе од 4000 г. Во Азиските држави таа има мошне голема и долга историја како тоник кој го продолжува животот во комбинација со жен-шен. Кинеското име “линг жи” означува “билка на духовна моќ”, а генодермата била високо ценета како “елексир на животот”. Кинезите ја користат со цел да ги зајакнат мноштвото човечки функции. Оваа билка се цени по тоа што ги подобрува размената на материите и циркулацијата, со што помага и во размената на кислород и течности во телото. Испитувањата исто така покажуваат дека содржи многубројни видови биолошки активни состојки, вклучувајќи ги полисахаридите, масните киселини и аминокиселините. Иако испитувањата се посебни, постојат доволно докази за нејзините различни биоактивни функции, како поткрепа на нејзината репутација како многу ценет тоник.
Шисандрата е ползечко растение во вид на лозница со мали црвени плодови и се среќава во Северна Кина. Кинеското име е “ву-уеј-зи” или “плод со пет вкуса” затоа што истовремено е сладок, кисел, горчлив, солен и лут. Се смета дека шисандрата има адаптогени својства и ја зголемува отпорноста на организмот кон болести и стрес. Шисандрата содржи материи, наречени лигнани, за кои што се смета дека придонесуваат за регенерација на ткивото на црниот дроб, заболен од вирусен хепатит или алкохол. Лабараториските испитувања покажуваат дека шисандрата може да ја зголеми издржливоста, да даде поголема енергија и да го намали чувството на умор.
Фо-ти (или хи-шу-ву) исто така потекнува од Кина каде што се одгледува до ден денес. Може да се користи и во сурова состојба, но општото мислење е дека најдобро е кога се користи откако ќе се исуши на сонце. За Кинезите, фо-ти сушена на сонце е една од најбитните билки кои се користат за спречување на стареењето и наоѓа голема примена во тонизирачките рецепти.
Сама по себе секоја од овие состојки има значаен углед и би било мошне тешко да се најде подобар квартет од билки кои се способни да се надополнуваат како взаемно, така и со другите материи во Forever Ginkgo Plus – ,,храна за вашите мисли“!
 
СОСТАВ
Екстракт од гинко 30 мг
(листови во прав, стандаризирани до 24% флавоноиди / 6% терпеноиди)
Печурка рејши 210 мг
Шисандра 130 мг
Фо-ти сушено на сонце 110 мг
Микро кристална целулоза, калциум трифосфат, целулоза, стеаринска киселина, кроскармелозен натрум и магнезиум стеарат.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
По една таблета два пати на ден.
 
Забелешка: Не се препорачува употребата на Forever Ginkgo Plus за време на бременост и доење. Да не се дава на деца под 6 годишна возраст.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Помага при намалена концентрација и умствен умор, со што ја зголемува циркулацијата во мозокот.
  • Помага кај слабата циркулација и настинка.
  • Ја зголемува енергијата.
  • Содржи дополнителни билки кои го засилуваат дејството на гинкото.
  • Односот на листот кон екстрактот е 50:1.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org