www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 41
Цена: €118.00
Aloe Fleur De Jouvence
Програма за регенерирање на вашата убавина со Алое-комплет
Луѓето со векови го користеле чистото и пресно Алое Вера, за да й дадат на кожата здрав, млад и убав изглед. Сега Форевер Ливинг Продуктс ја искористи полната сила на живото рестение во еден од најдобрите комплети за кожа.
Aloe Fleur De Jouvence (Цветот на младоста) е една од најефикасните колекции за обновување на убавината. Ако сте поверувале во тврдењата на други козметички производи и потоа сте биле разочарани, пробајте Aloe Fleur De Jouvence, за да ја почувствувате чистата природна и сензационална разлика.
Комплетот Aloe Fleur De Jouvence содржи шест прекрасни компоненти, секоја создадена со определена цел за целосна грижа на кожата на лицето. За да ги собереме на едно место традиционалната мудрост со научните познавања во областа на современата дерматологија, во Форевер Ливинг Продуктс не се поштедивме од вложување напор за да создадеме исклучителни производи. Секој од нив е во елегантно пакување, кое го носи печатот за одобрување на Научниот совет за Алое (со исклучок на маската за лице во прав), наредени во класична кутија со огледало, шпатула за мешање на состојките и четка за нанесување на маската. Секоја компонента може да се купи одделно, но во целосното благотворно влијание може да уживате единствено кога ќе ги вклучите сите елементи.
Формулата на секој производ во комплетот Aloe Fleur De Jouvence е разработена со голема грижа и внимание кон секојдневните потреби на вашата кожа. Започнуваме со внимателно стабилизираниот чист гел од Алое Вера и потоа го комбинираме со уникатните природни клеточни материи-хидролизиран еластин и колаген, заедно со исклучителните навлажнувачи, емулгатори и омекнувачи. Тоа поврзување создава уникатно богатство за кожата и го неутрализира штетното дејство на времето, атмосферските влијанија и околната средина. Превентивната и регенеративна програма Aloe Fleur De Jouvence обезбедува секојдневена грижа за кожата, со што ги стимулира природните атрибути на младоста-виталност, свежина и сјај на кожата.
Алое Вера секогаш имало благотворно влијание врз кожата. Сега може да се разгалите уште повеќе со комплетот Aloe Fleur De Jouvence!
  • Исчистете го лицето два пати дневно со Exfoliating Cleanser (Лосион за чистење).
  • Тонизирајте и освежете го два пати на ден со Rehydrating Toner (Хидратантен тоник за лице).
  • Додадете прекрасен изглед на вашето лице 2-3 пати седмично со помош на Facial Contour Mask Powder (Маска за лице) и Aloe Activator (Активен лосион за лице).
  • Секоја вечер нанесете Recovering Night Creme (Регенеративен ноќен крем за лице).
  • Секојдневно нанесувајте Firming Foundation Lotion (Лосион за затегнување на лице) – Дневен крем.
 
Забелешка: Иако производите од комплетот Aloe Fleur De Jouvence содржат највисоко квалитетни хипо-алергични состојки, разумно би било, како кај сите нови производи, на почеток да се нанесе врз мал дел на место каде што кожата е почувствителна (на пример внатрешната страна на раката над лактот).
 
ТРЕТМАН НА ЛИЦЕТО СО ALOE FLEUR DE JOUVENCE
Комплетот Aloe Fleur De Jouvence ви ги нуди сите елементи од нашата регенеративна програма заедно со инструкции наведени во упатство. Ви нудиме резиме на целосниот циклус со користење на сите шест елементи. Дополнителни инструкции можат да се добијат за време на презентациите кои ги организира компанијата.
 
Чекор 1
Исчистете го лицето и вратот со Лосионот за чистење. Нанесете го со лесни движења нагоре и надолу.
 
Чекор 2
Отстранете го со мека и влажна крпа или памучен тампон и исплакнете обилно со вода.
 
Чекор 3
Измешајте една мала лажичка од Маската за лице со приближно една мала лажичка Активатор, капка по капка додека смесата не ја добие густината на редок лосион.
 
Чекор 4
Со козметичката четка нежно нанесете насекаде тенок рамномерен слој врз лицето (избегнувајќи го пределот околу очите) со движења кон горе и кон надвор. Започнете од основата на вратот и постепено распоредете го лосионот врз лицето и вратот вклучувајќи го пределот зад ушите. Ставете влажни тампони на очите, опуштете се во легната положба и избегнувајте движења на лицето во времетраење од околу 30 минути.
 
Чекор 5
Отстранете ја маската најпрво омекнувајќи ја со затоплена и влажна крпа.
Потоа внимателно исплакнете го лицето и вратот со топла вода.
 
Чекор 6
Нанесете Хидратантен тоник за лице со памучен тампон и избришете го со движења кон горе и кон надвор додека тампонот не остане чист. На тој начин ќе ги затегнете порите, ќе ги намалите линиите и брчките по лицето и ќе го подготвите за навлажнување.
 
Чекор 7
(Во текот на денот) Нанесете Лосион за затегнување на лице на врвот на прстите и внимателно опфатете ја целата површина на лицето и вратот. Причекајте целосно да се впие. Така се образува заштитна основа врз која можете да нанесете шминка.
 
Чекор 8
(Навечер) Нанесете Регенеративен ноќен крем за лице на врвот на прстите и внимателно покријте ја целата површина на лицето и вратот. Тоа й дозволува на кожата да започне регенерирачки процес додека спиете.
 


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org