www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 214
60 таблети
Цена: €19.90
Forever Echinacea Supreme
Додаток во исхраната со ехинацеја
ОПИС И СВОЈСТВА
Ботаничарите го именуваат ова растение по животното еж (на латински Echinus), за да ја опишат неговата бодликава форма. Ехинацејата расте во западните Соединети Американски Држави. Во неговиот состав влегуваат: калциум, калај, витамин А, витамини од Б комплекс, хром, натриум, витамин Б3, манган, витамин Ц.
Многубројните научни испитувања покажуваат дека ехинацејата придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем. Нејзиното конзумирање води кон зголемување или намалување на бројот на белите крвни зрнца, во зависност од потребите на организмот за да постигне свој баланс. Ехинацејата ги активира фагоцитите (клетките), кои ги “јадат” бактериите што го напаѓаат организмот, а воедно има и благо антибиотско својство.
Новите испитувања пронајдоа уште еден нов механизам преку кој ехинацејата й помага на имунолошката функција. Еден од првостепените заштитни механизми на човечкиот организам е желатинското соединение, наречено хиалуринска киселина (ХК). Таа се наоѓа во меѓупросторот на клетките и ги “цементира”, со што ја намалува нивната пропустливост и на тој начин ги заштитува од нивно уништување. Но постои еден ензим хиалуронидаза, кој ја напаѓа ХК на начин што сеуште не е целосно утврден. Кога тоа ќе се случи, ХК брзо ја губи желатинозната форма и заштитниот “цемент” престанува ефективно да делува. Многу патогени го произведуваат тој ензим и благодарение на него навлегуваат лесно во нашите клетки. Докажано е дека ехинацејата ја штити ХК од напад на хиалуронидазата.
Другата состојка на Forever Echinacea Supreme е хидрастит. Тој е откриен во Северна Австралија, но се среќава на многу места и во САД. Претставува мало повеќегодишно растение, кое вообичаено се култивира, но исто така се сретнува и како диво растение. Плодовите на тоа растение наликуваат на малини. Хидраститот често се користи во традиционалната медицина како билка која делува врз слузокожата на човечкото тело. Познати се податоците и за неговото делување врз имунолошкиот систем. Го зголемува бројот на белите крвни зрнца и има својство да ги уништува патогените бактерии при контакт со нив. Често се користи како сопатник на ехинацејата, при што нивното дејство се надополнува.
Forever Echinacea Supreme содржи и екстракт од семе од грозје. Тоа се смета за еден од најсилните антиоксиданти (тестовите ин-витро покажуваат дека нивната антиоксидантна сила е 50 пати поголема од таа на витаминот Е и 20 пати поголема од витаминот Ц). Семките од грозје се извор и на една од најкорисните групи растителни флавоноиди-проантоцианидите (се нарекуваат уште и процианиднини). Овие флавоноиди покажуваат многу позитивно дејство врз човечкиот организам. Најсилен ефект се забележува кога неколку проантоцианиди се комбинирани во група која научно ја нарекуваат процианидоличен олигомер (или ПЦО).
ПЦО е откриен во 1951 г. во Франција од проф. Жак Маскелие во екстракт од борова кора. Во 1970 г. тој патентира метод за извлекување на ПЦО од семето од грозје, што се покажува како добар и богат извор. ПЦО придонесува за оддржување на нивото на витамин Ц во клетките, за да се зголеми добрата состојба на крвните садови, за борба со слободните радикали и го штити колагенот од уништување.
Forever Echinacea Supreme вклучува две најкорисни разновидни ехинацејати – Echinacea purpurea и Echinacea angustifolia, со хидрастис и екстракт од семе од грозје за максимален ефект.
 
СОСТАВ
Патентирана комбинација од Echinacea purpurea (целото растение) и Echinacea angustifolia (корен), хидрастис Hudrastis Canadensis (корен), екстракт од семе од грозје, целулоза, стеаринска киселина, магнезиум стеарат (растителен), кроскарамелозен натриум, силициум диоксид, хидроксипропилинска метилцелулоза.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
По две таблети на ден.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Придонесува за подобрување на имунолошкиот систем.
  • Има антивирусно дејство.
  • Содржи хидрастит и екстракт од семе од грозје за оптимален ефект.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org