www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 027
60 таблети
Цена: 2091 ден.
Forever Bee Propolis
Пчелен прополис
ОПИС И СВОЈСТВА
Forever Bee Propolis е природен додаток во исхрана создаден од смола со која пчелите ги обложуваат своите кошници за да ги заштитат. Медоносните пчели собираат смола, восок и полен од пупките и цветовите на растенијата, ги збогатуваат со ензими и го создаваат прополисот кој ги заштитува кошниците од надворешни закани. Тој содржи природни хранливи материи кои го зајакнуваат и човечкото тело.
Формулата на Форевер ги предлага корисните својства на пчелниот прополис во таблети за џвакање кои лесно се апсорбираат. Луѓето собираат прополис од пчелните кошници илјадници години. Асирците и древните Грци го консумирале за да го поддржат нивното здравје. Современите истражувања ја поддржуваат неговата традиционална употреба, докажувајќи дека тој има потенцијал да ја поддржи природната одбрана на човечкото тело.
Пчелниот прополис е природен извор на флавоноиди – истите корисни хранливи материи кои ги има во овошјето и зеленчукот, како и на витамини, етерични масла, минерали, микроелементи и др.
Forever Bee Propolis има природен состав и без додадени вештачки бои или аромати. Кога се зема заедно со Forever Bee Pollen ви помага да добиете природна енергија која ви е потребна за здрав, активен начин на живот.
 
СОСТАВ
Пчелен прополис (во прав) - 500 мг, пчелен мед, изолиран соја протеин, рогач, силициум диоксид, арома на бадем, стеаринска киселина, кроскармелозен натриум и матичен млеч.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По една таблета два пати на ден.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Природна поддршка на имунитетот.
  • Засилен со матичен млеч.
  • 100% природен.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org