www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 188
60 таблети
Цена: €14.65
Forever B12 Plus with Folic Acid
Додаток во исхраната со витамин Б 12 и фолна киселина
ОПИС И СВОЈСТАВА
Уште една прекрасна комбинација од основни хранливи состојки е Forever B12 Plus. Комбинацијата на фолна киселина со витамин Б12 е формула која постепено ги ослободува корисните својства. Оваа технологија обезбедува постепено апсорбирање на активните состојки од организмот, со што би имале подолготрајно дејство.
Во 1948 г. за прв пат се открива дека витаминот Б12 или цианкобаламинот (единствен витамин што содржи кобалт) спречува заболување од малигна анемија.
Б12 заедно со фолната киселина дејствуваат во многу процеси на организмот, вклучувајќи ја и синтезата на ДНК (генетскиот коден материјал), црвените крвни зрнца и милиновата обвивка на нервот, при што го подобрува пренесувањето на рефлексите. Заедно со фолната киселина, Б12 исто така го намалува нивото на хомоцистинот во организмот. Зголеменото ниво на оваа аминокиселина се поврзува со зголемен ризик од срцеви заболувања, Алцхајмерова болест и други форми на амнезија. За да биде апсорбиран од организмот, Б12 има потреба од друга материја, наречена внатрешен (природен) фактор кој го произведува стомакот. Дури кога и тој фактор би недостигал, внесувањето на соодветно количество преку устата ќе го зголеми нивото на Б12 во крвта.
Фолната киселина има важна улога во правилното разделување и размножување на клетките. Особено важно влијание има и во почетокот на развојот на нервниот систем на фетусот, поради што овој додаток во исхраната е исклучително важен за жените кои сакаат да забременат, а исто така се препорачува да се конзумира и за време на првите три месеци од бременоста.
Овој додаток е целосно безопасен бидејки двете компоненти може да се внесуваат во организмот во неограничени количини.
Сега можете да уживате во благодетите на витаминот Б12 и фолната киселина, комбинирани во една формула, која што ја надополнува останата палета на додатоци во исхраната на ФЛП.
 
СОСТАВ
Витамин Б12 (цианкобаламин) 500 мкг
Фолна киселина 400 мкг
Декстроза, калциум дифосфат, хидроксипропил метилцелулоза, микрокристална целулоза, стеаринска киселина, силициум двооксид, магнезиум стеарат.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Една или две таблети на ден после јадење.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Витаминиот Б12 и фолната киселина треба да се конзумираат заедно.
  • Помага за спречување во оштетување на ембрионот, амнезија и Алцхајмерова болест.
  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања.
  • Безопасен е и кога се внесува во големи количини.
  • Корисен за вегетаријанците и од основно значење за оние кои водат строг вегетаријански режим, бидејќи Б12 вообичаено се добива од храната која има животинско потекло.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org