www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 473
30 ќесички
Цена: 4513 ден.
ARGI+
АРГИ+ L-аргинин и витамински комплекс
ОПИС И СВОЈСТВА

Научниците ретко имаат храброст да го користат терминот „чудотворен". Но токму овој термин го користат за да го опишат дејството на L-аргининот - аминокиселина која е толку корисна за здравјето што го добила името „чудесна молекула". Тоа не е напразно, бидејќи човечкиот организам го претвора L-аргининот во азотен оксид - соединение кое им помага на крвните садови да се опуштат и отворат широко за подобра циркулација. L-аргининот е прогласен за „молекула на годината" во 1992 г., а шест години подоцна тројца научници – Robert F.Furchgott, Louis J. Ignarro и Ferid Murad добија Нобелова награда за медицина за истражување на уникатното соединение и неговите функции во телото.

Системот за циркулација доставува кислород и хранливи материи до сите органи за тие правилно да функционираат. Добрата циркулација е основен извор на енергија за нашите тела и е од витално значење за остварување на оптималниот здравствен потенцијал. Азотниот оксид делува на ширење на крвните садови што придонесува за послободно движење на крвта и потхранување на целото тело и сите органи со кислород и нутриенти. Здравите крвни садови го намалуваат оптоварувањето на срцето и ја подобруваат циркулацијата. Ова може да даде верижен ефект од бројни придобивки за здравјето на целото тело, како повеќе енергија, здрав крвен притисок, подобрени умствени способности, поддршка за правилно функционирање на органите, добар имунитет, раст на мускулите, закрепнување на коските и ткивата, како и поддршка за добро варење на храната.

Форевер Ливинг Продактс создаде оптимален и комплетен извор на L-аргинин и го нарече АРГИ+. Овој додаток во исхраната содржи 5 грама L-аргинин во една доза, а плусот во името на производот е она што сериозно го издвојува од конкурентите на пазарот. Ексклузивната формула содржи уште два клучни елементи кои му обезбедуваат на организмот хранливи материи неопходни за целосно искористување на аминокиселината и нејзина трансформација во азотен оксид. Едниот е комплекс од витамини С, D3, В6, В12, фолна киселина, како и витамин К2, познат уште како менахинон.

Другиот елемент е патентирана овошна мешавина - неверојатна комбинација од овошја богати со антиоксиданти и хранливи материи: калинка, боз, боровинки, малини, капини, ресвератрол и многу други. Тие помагаат за намалување на слободните радикали и метаболичките отпадоци од процесот на конверзија.

Сите овие состојки заедно создаваат додаток во исхраната од ново поколение кој го поддржува целокупното здравје. Само една ќесичка АРГИ+, растворена во вода или во вашиот омилен пијалок од алое, ја исполнува секоја ваша клетка со виталност.

 
СОСТАВ
Патентирана овошна мешавина Форевер: екстракт од гроздови лушпи (Vinis rotundifolia Extr.), екстракт од калинка (Punica granatum Extr.), екстракт од црвено вино (Vitis Vinifera Extr.), сок од боз во прав (Sambucus nigra, gr.), сок од малини во прав (Rubus idaeus gr.), сок од горчлива цреша во прав (Prunus cerasus gr.) , сок од капини во прав (Rubus Fruticosus gr.), сок од црно француско грозје во прав (Ribes nigrum var. gr.), сок од боровинки во прав (Vaccinium myrtillus gr.), витамин С (аскорбинска киселина), витамин D3 (холекалциферол), витамин K2 (менахинон), витамин В6 (пиридоксин хидрохлорид), витамин В12 (цианокобаламин), фолна киселина, L-аргинин.
 
ДРУГИ СОСТОЈКИ
Лимонска киселина, природен аромат на шумски плодови, силициум диоксид, d-рибоза, монокалиум фосфат, засладувачи - ксилитол, сукралоза.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Една ќесичка Арги+ се раствора во 240 мл вода или друг напиток и се зема еднаш на ден.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • L-аргининот е познат како „чудесната молекула".
  • Патентираниот овошен микс дава дополнителна антиоксидантна моќ.
  • Го подобрува производството на азотен оксид.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org