www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 515
142 г
Цена: 1095 ден.
Aloe Shave
Алое шеjв
ОПИС

Секое утро се грижиме за телото и личната хигиена и сакаме со самодоверба да го пречекориме прагот, подготвени да се справиме со предизвиците на денот. Кога ги користиме омилените производи, треба да сме сигурни дека на најдобар начин се одразуваат на нашето тело. Како специјалисти за алое вера одлично знаеме дека алоето е најдобрата состојка за смирување и заштита на кожата при надразнувачкиот процес на бричењето.

Без конзерванси, парабени и алкохол, АЛОЕ ШЕЈВ ќе ве искушува дури и само да се насапуните со него, заради одличното чувство кое го создава. Алоето и дава влага на кожата, ја омекнува, ја прави поглатка и истовремено создава заштитен слој меѓу неа и остриот жилет. На алоето му додадовме глицерин кој дополнително ја негува кожата, како и природната навлажнувачка аминокиселина аргинин. Динатриум кокоамфодиацетат е извлечен од масните киселини на кокосовото масло и придонесува како за пенливоста на производот, така и за мекоста на вашата кожа.

Ако досега сте го чувствувале секојдневното бричење како непријатна обврска, од денес тоа може да стане уште еден начин да изгледате и да се чувствувате подобро

Паковката на АЛОЕ ШЕЈВ е напревена по најнова патентирана технологија и е целосно пластична, што ја прави поеколошка. Без додатоци за истиснување, без метални делови и излишни отпадоци. Така имате уште еден повод да се чувствувате одлично што го користите производот секој ден!

УПОТРЕБА
Нежно втријте обилно количество од алое шејв врз влажна кожа, за убаво да се распени. Избичете се внимателно и исплакнете.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Раскошен пенлив гел.
  • Содржи компоненти кои ја смируваат кожата.
  • Изобилство од навлажнувачки состојки.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org